Британските банки со загуби од 10 млрд. фунти
Лондон - Британските банки се соочуваат со значителна загуба поради заемите и кредитите што во износ од околу десет милијарди фунти и' ги дале на Грција.
Засега не се посочуваат банките што биле поврзани со грчката економија, освен што се истакнува дека Велика Британија, по Франција, Германија и САД, е четвртиот најголем заемодавец на Грција. Тоа предизвика пад на акциите на Лојдс банкинг груп, на Ројал банк оф Скотланд и на Барклис банка. Експерти проценуваат дека спуштањето на грчкиот кредитен рејтинг ќе однесе уште педесетина милијарди фунти од акциите и вредноста на капиталот што странците го имаат во оваа земја.
Претставник на брокерската фирма „Чарлс Стенли“ изјави дека се' уште нема паника на берзата, но никој веќе не е мирен поради она што се случува со Грција. (МИА) |