Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
01.02.2012, 12:55
Македонија мост за турските компании кон Европа



Премиерот Груевски ги поздрави турските бизнисмени во Измир на трговско-инвестицискиот форум организиран од Тускон - Конфеедерација на турските стопански комори и ЕСИДЕФ - Стопанска комора на Измир

Потенцијалите и традиционално длабоките пријателски односи меѓу Македонија и Турција даваат причина повеќе да веруваме дека постојат огромни неискористени можности и токму овој форум може да биде вистинскиот чекор во насока на нивно идентификување.

Вака премиерот Никола Груевски ги поздрави турските бизнисмени во Измир на трговско-инвестицискиот форум организиран од Тускон - Конфеедерација на турските стопански комори и ЕСИДЕФ - Стопанска комора на Измир, а на кој владиниот економски тим ги презентираше предностите за инвестирање во Македонија.

Повикувајќи ги бизнисмените да ја посетат Македонија и да се уверат во поволната бизнис клима, премиерот потенцира дека Владата во континуитет работи на подобрување на бизнис амбиентот и условите за работа за домашните и странски компании. Нашите цели, додаде, се забрзан економски раст, развој на приватниот сектор и отворање на нови работни места.

- Вашата земја прерасна во регионална економска сила, изгради многу мостови меѓу цивилизациите и активно учествува во промовирање на глобалната стабилност и мирот. Република Турција несомнено е еден од најголемите сојузници на Република Македонија за што сведочи безрезервната и недвосмислената поддршка која ни ја дававте во изминатите децении. Покрај длабоките традицинални, историски и културни врски, нас не поврзува и импресивната економска соработка, како и долгогодишната меѓусебна доверба меѓу турските и македонските бизнисмени и реформската посветеност на нашите влади, потенцира премиерот Груевски.

Тој посочи дека надворешно трговската размена во 2010 година меѓу двете земји достигна 311 милиони американски долари, додека само во првите 11 месеци во 2011 година таа изнесуваше околу 380 милиони долари. - Важен имплус за зајакнување на билатералната трговска соработка секако е и склучениот Договор за слободна трговија и можностите што ги нудиме за непречен пристап до пазар од над 650 милиони потрошувачи со склучените договори за слободна трговија со други земји, рече Груевски.

Потпретседателот на ЕСИДЕФ Мустафа Оскара оценувајќи го настанот како важен и што премиерот Никола Груевски лично е присутен, рече дека размената меѓу Македонија и Турција не е доволна и оти од сегашното ниво од околу 400 милиони американски долари треба да се оди чекор напред и да се работи да се достигне бројка од милијарда долари.

Веќе 100-тина компании од Турција работат во Македонија, посочи министерот без ресор Хади Незир, посочувајќи дека се водат и разговори со уште неколку и оти се надева дека наскоро ќе може да се објави кои се тие.

Гин повика присутните бизнисмени, меѓу кои и со потекло од Македонија, да дојдат да вложат и да ги посетат местата од каде потекнуваат нивните предци.

Она што може да понуди Македонија и зошто може да веруваат, како што истакна министерот за странски инвестиции Веле Самак, е демонстрираната политичка, економска, финасиска и монетарна стабилност.

Според него, турските компании може да ја искористат Македонија како мост кон Европа под услови како европските, а со многу пониски трошоци.

Со економската политика на Владата и резултатите од неа ги запозна вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Посетеноста и на овој форум беше масовна. Имаше околу 300 компании кои работат во овој регион од повеќе сектори главно земјоделство, прехранбената индустрија, градежништво и дрвна индустрија.

Економската презентација на Македонија, владиниот тим и премиерот Груевски ја продолжуватат со форум во Бурса, каде и завршува посетата на Турција. Претходно владиниот тим ги претстави предностите за инвестирање пред стопанствениците во Истанбул, Кајсери, Коња и Газиантеп.

Статијата е прочитана 763 пати.

Испрати коментар






spectator, 01.02.2012 15:05:51
se e ok, turcija e nas strateski partner. vo turcija ima mnogu biznismeni,tie biznismeni se muslimani,veruvaat vo boga ... koga ke razberat deka vo makedonija na paganski karn (finansiran od vladata na RM ) se ismejuva kuranot.... baska toa... pa turcija ja ..utepa.. makedonija so donacii... sekogas koga treba taa e tuka... krivo mi e sto ke recam ama ke recam eeee turci budali..

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -7°C

Слаби снежни врнежи

Понеделник
Локални врнежи од снег
Макс: -4°C, Мин: -8°C

Вторник
Снег
Макс: -2°C, Мин: -9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |