Број 3650  понеделник, 08 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
На прво место

Завршува пријавувањето штети во Прилеп

Прилеп - Денеска завршува рокот за пријавување на штетите од невремето што го зафати Прилеп минатиот понеделник. Според информациите од Општинската комисија за елементарни непогоди, досега околу 65 семејства пријавиле штети што ги предизвикала поплавата врз нивните куќи, а околу 60 други семејства претрпеле штети на земјоделските посеви.

„Екипи на Комисијата постојано се на терен и најдоцна за една недела треба да завршат со процените на штетите. Па, за да им излеземе пресрет на гра��аните, веднаш потоа ќе подготвиме извештај што ќе биде разгледан и сигурно усвоен на вонредна седница на Советот на Општината, за потоа биде доставен со целиот елаборат до владината Комисија за елементарни непогоди“, изјави Мишко Ристески, претседател на Општинската комисија.

Освен штетите врз куќите и нивите на прилепчани, поројниот дожд и силното невреме раскопа многу улици и раскрсници во градот, затрупано беше и едно возило, оштетен е локалниот пат за селата Волково и Прилепец и патот за Селце.

Во последнава година силните и поројни дождови предизвикаа во два наврата поплавување на централниот дел од градот. (М.Т.)




#
Статијата е прочитана 190 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
На прво место
Продолжена забраната за Тиквешко
Апсурд
Рамковниот не е прекршен, вели Муса Џафери

"""