Број 3650  понеделник, 08 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
На прво место

Апсурд: ем пензионери, ем здравствено неосигурани

Матичните лекари сметаат дека ФЗО намерно ги брише пензионерите за да им исплаќа помалку пари за капитација

Јасмина Јовановска

За Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) има пензионерите кои не се здравствено осигурани. Ова го покажуваат листите на згрижени пациенти кај матичните лекари врз чија основа Фондот им исплаќа капитација, односно плата на овие здравствени работници. Иако со стекнување статус на пе��зионирано лице тоа автоматски има и здравствено осигурување, нејасно е како може во Фондот да се води дека го нема.

На ваквиот апсурд реагираат матичните лекари, кои сметаат дека намерно се бришат пензионерите, бидејќи на тој начин Фондот им исплаќа месечно и помалку пари за капитација. При ваквата евиденција како неосигурани лица, најдебелиот крај го извлекуават токму пензионерите што се малетерираат за да се пријават во Фондот доколку сакаат да се лекуваат на товар на државата.

„Како може пензионер кој е во пензија веќе 20 години одеднаш да има нулта осигурување“, прашува една докторка од Скопје, која не сака да го открие својот идентитет, за веднаш на себе да не привлече инспекции и контроли. „Ми дојде сопругата на еден таков носигуран пензионер за да му дадам упат за ортопедија. Им велам дека упатот нема да им важи, бидејќи во фондовската листа тоа лице се води како неосигурано. Не можев да и' објаснам како можело да се случи тоа, туку само и' реков да појде до подрачната фондовска единица за да се пријават“, објаснува лекарката, која не знае дали Фондот ги прави пензионерите со нула осигурување намерно или затоа што имаат проблем во комуникацијата со пензискиот Фонд. „Едно е сигурно, на крај ни се куси од капитацијата“, потенцира докторката. Редовно во нејзината листа се појавуваат околу 170 пациенти без осигурување.

Друга докторка вели дека на нејзината листа месечно се јавуваат и по 300 неосигурани лица, посебно пензионери. „Разбирам тазе пензионер веднаш да не се појави на листата на осигуреници, затоа што по неколку месеци се чекаат решенија за пензионирање. Иако и тоа е апсурд. Па, тој пензионер претходно бил вработени и осигуран. Но, нелогично е пензионер кој со години има пензиски стаж да се појавува дека е здравствено неосигиран“, револтирано објаснува една докторка од едно скопско село.

Од Здружението на лекарите-концесионери велат дека не се запознати со овој проблем. „Досега никој од матичните лекари не се пожалил за неосигурани пензионери. Единствен проблем е кога носител на осигурувањето е сопругот и кога тој ќе почине. На сопругата веднаш и' се јавуваме дека мора да ги регулира статусот“, објаснува претседателот на Здружението, д-р Лиле Чолакова-Дервишева. Таа ги советува своите колеги за проблемот да им укажат на своите координатори за да може да се реши состојбата.

Од Фондот за здравствено осигурување не објаснуваат зошто се појавува овој проблем и велат дека не е таква состојбата како што ја прикажуваат матичните лекари. „Ова се екстремно ретки случаи. Но, и да е така и доколку има таков случај со едно одење во подрачаната едница со здравствената легитимација и со доказ за пензијата може да се регулира статусот“, вели Бранко Аџигогов, портпарол на Фондот за здравствено осигурување. Прашање е дали пензионерите можат да се шетаат од амбулантата до подрачните фондовски единици, кои може да се оддалечени и 10 километри од местото каде што живеат.

Лекарите велат дека ако пензионерите имааат некој близок, ќе им ја заврши работа. Но, што со оние што немаат кој да им помогне. Со оглед на тоа дека бројот на пензионери со нулта осигурување не е мал, лекарите направиле сами истрага. Дошле до констатација дека Пензискиот и Здравствениот фонд немаат никаква комуникација. „А, потребно е само да се предаде еден список на нови пензионери или, пак, Фондот да направи сам проверка зошто тој пензионер се јавува како неосигуран. Но, ова никој не го загрижува. Веројатно тоа и му одговара на Фондот. Бидејќи ако секој месец се плаќаат полни суми, ќе снема пари во касата“, коментира еден лекар од Битола.

Кај гинеколози се бришат 300 осигуреници

Одреден број гинеколози се жалат дека од евиденцијата за капитација Фондот им брише и до 300 осигуреници. „Се случува бремена жена, вработена, да ми дојде и да ми каже : ’Докоторе не можам да користам боледување, зашто се водам како неосигурана‘. Во листата на пациенти што се определиле за мене како матичен гинеколог, таа се води со нулта осигурување“, раскажува еден гинеколог од Скопје. Тој вели дека ова е само еден таков пример, а во фиоката има најмалку дваесетина пресметки што не му ги признава Фондот, бидејќи за ФЗО важат за неосигурани. „Треба да ги барам и да им кажувам да одат да си го регулираат статусот, а може да дојдат на контрола дури по една година“, објаснува гинекологот.


#
Статијата е прочитана 1678 пати.

Испрати коментар

Од: trpe od gradsko
Датум: 08.08.2011 00:22:47
Ova e vlasta na DPMNE i Gruevski kolku sto e pomalku da se zastedi na grbot na graganite a da ima za spomenici...uzivajte narode...gi glasavte...
Од: Македонец
Датум: 08.08.2011 00:26:39
ДПМНЕ и се е можно!!! Што и да се случи во оваа држава не изненадува.
Од: trpe
Датум: 08.08.2011 05:11:47
se nadevam nasiot najpopularen penzioner Crvenkovski e zdravstveno osiguren:P
Од: lekar
Датум: 08.08.2011 06:23:56
Ne e samo za penzioneri jas rabotam so deca i tie se pojavuvaat vo golem broj kako neosigureni , odat poveke pati na salterite vo fondot gubat vreme i im kazuvaat deka e se vo red a povtorno se pojavuvaat sledniot mesec kako neosigureni. I mene mi se cini deka e toa nacin fondot da ne isplaka celosna kapitacija na maticnite lekari i da go anulira vrakanjeto na bodot na 50 denari.
Од: od strana
Датум: 08.08.2011 07:54:12
Mizerija.....fotosot da ne vi e pozajmen od nekoj bliskoistocen arapski dnevnik? Ili se raboti za Shkup? Lele majko.... offff offff!!!!!
Од: verag
Датум: 08.08.2011 13:02:52
Мора да признаам дека овие од ДПМНЕ се генијални кога се работи за заштедување пари на сметка на граѓаните. Мора да се снаоѓаат, им требаат стотина милиони за спомениците.

Најди! во Утрински
На прво место
Продолжена забраната за Тиквешко
Рамковниот не е прекршен, вели Муса Џафери
Завршува пријавувањето штети во Прилеп

"""