Број 2857  вторник, 09 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Врачена државната награда „Св. Климент Охридски“

Во име на добитниците за наградата се заблагодари проф. д-р Емилија Црвенковска

Во Собранието на Република Македонија вчера беше врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ која се доделува за долгогодишен придонес во образованието, културата и задравството. Лауреати на ова високо признание во областа на образованието се: Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура и проф. по математика Агим Рушити; во областа на културата: проф. д-р Вера Битракова-Грозданова, археолог, и Миле Бошески, библиотекар и во областа на здравството д-р. ендокринолог Самуел Садикарио. Наградите ги врачи академик Крум Томовски, претседател на Одборот за доделување на наградата „Св. Климент Охридски“, кој истакна: „ Оваа награда ја поврзува нашата колективна меморија со универзалните вредности на св. Климент Охридски, првиот епископ меѓу јужните Словени и неговото големо дело во развојот на книжевноста, образованието, уметноста, културата и духовноста“.

Во име на добитниците за наградата се заблагодари проф. д-р Емилија Црвенковска, директор на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, која рече: „Исполнети сме со радост и среќа што ја добиваме наградата што го носи името на св. Климент Охридски, една од најсветлите личности во историјата на овие простори. Неговиот просветителски дух, истакнувањето на универзалните човечки вредности, придонесе култот на св. Климент Охридски да ги избрише меѓите меѓу народите, да ги избрише границите меѓу верите. Не би можеле денеска да зборуваме за образование и култура доколку не се надоврземе на Климентовата традиција...Силен е мотивот да се помага и да се пренесува знаење.“ (Н.П.)

 


Статијата е прочитана 278 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Национална галерија - шест децении постоење
„Гомора“ е најдобар европски филм
Во Охрид свечено отворен првиот Музеј на вода