Број 2857  вторник, 09 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

„Гомора“ е најдобар европски филм

Апсолутен триумф на италијанскиот мафијашки филм на Матео Гароне со освоени пет статуетки

Сунчица Уневска



Италијанскиот филм „Гомора“ на Матео Гароне, направен според делото на Роберто Савијано е прогласен за најдобар филм на 21-то доделување на Европските филмски награди, кое се одржа на 6 декември во Копенхаген, Данска. Интересно е дека овој филм освои вкупно пет награди станувајќи апсолутен победник, и триумфирајќи над канскиот лауреат „Клас“ и над редица наградувани годинешни остварувања. Филмот, кој толку ја растревожи мафијата што на Савијано му донесе смртни закани, ги освои и европските статуетки за режијата на Гароне и за сценариото кое го потпишуваат Гароне и Савијано со уште неколку автори. Контроверзната „Гомора“ му донесе награда и на актерот Тони Сервило, и тоа за двете улоги во италијанските филмови кои беа во конкуренција. Во „Гомора“ Сервило го игра Франко, а во „Божествениот“ фасцинантно го доловува ликот на познатиот италијански премиер Џулио Андреоти. Петтата награда отиде во рацете на Марко Онорато за неговата исклучително сугестивна фотографија.

Покрај „Божествениот“ и францускиот филм „Клас“ во најтесната конкуренција за наградите на Европската филмска академија беа и: британскиот „Хаппѕ Го Луцкѕ“ на ветеранот Мајк Ли, шпанскиот „Сиропиталиште“ на Хуан Бајона и израелската анимација „Валцер со Башир“ на Ари Фолман. Но, ниеден од овие филмови кои се сметаа за големи фаворити не доби ниту една награда освен „Валцер со Башир“, и тоа за музиката на Макс Рихтер.

Наградата за најдобра женска улога сосем неочекувано отиде во рацете на Кристин Скот Томас за улогата во многу просечната мелодрама „Те сакав долго“. Конкуренцијата годинава беше навистина исклучително силна. Одлични улоги имаа Сали Хокинс во филмот на Мајк Ли, потоа Арта Доброши во „Тишината на Лорна“, која се смета годинешно откритие, како и Хиам Абас во израелскиот филм „Дрво од лимон“.

Полскиот филм „Катињ“ на Анджеј Вајда го освои големото признание Приџ Д’ Еџцелленце за костимографијата на Магдалена Бидрзицка, додека за Европско откритие беше прогласен жестокиот британски филм „Глад“, кој беше деби на Стив Меквин. Со овој филм, кој се осврнува на вистинските настани за штрајкот на припадниците на ИРА во затвор на почетокот на 1980-тите години, младиот режисер и уметник Меквин веќе ги освои наградите за деби и во Венеција и во Кан. А Наградата на критиката „Фипресци“ му припадна на францускиот Алжирец Абдулатиф Кешише за филмот „Тајната на зрнестата храна“, и тоа сосем заслужено. Овој филм беше едно од најубавите изненадувања во 2007 година.

Интересно е дека публиката, иако оваа година имаше силни и многу сериозни филмови, гласаше за „Хари Потер и редот на фениксот“ на Дејвид Јеитс. Во конкуренција меѓу 44-те филма од 27 земји беше и македонскиот филм „Јас сум од Титов Велес“ на Теона Митевска. Инаку, да кажеме дека Европската филмска академија има 1.850 члена кои гласаат за наградите, а нејзин претседател е култниот европски автор Вим Вендерс.

Годинешното доделување на наградите се одржа во присуство на членовите на данското кралско семејство, а на самата церемонија присуствуваа 1.400 гости. Меѓу презентерите годинава Македонија за првпат имаше свој претставник. Лабина Митевска беше една од оние кои ги претставуваа наградите заедно со Маријана Фејтфул, Мадс Микелсен, Анамарија Маринка, Марк О Халоран и други. И она што е ново, е најавата дека церемонијата на наградите следната година ќе се одржи во Есен, Германија, што е отстапување од правилото, секоја втора година оваа манифестација да се одржува во Берлин, седиштето на ЕФА. Но, Берлин реши следната година домаќин да биде Есен, градот кој се наоѓа во областа Рур, а кој во 2010 година ќе биде европска престолнина на културата.

 


Статијата е прочитана 730 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Национална галерија - шест децении постоење
Во Охрид свечено отворен првиот Музеј на вода
Врачена државната награда „Св. Климент Охридски“