Број 2936  сабота, 14 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Култура

Македонија во фокусот на Саемот на книгата во Лајпциг

Македонските поети се најдоа во улога на бранители на сопствената нација и јазик

 

Првото презентирање на македонската литература на Саемот на книгата во Лајпциг завчера вечер навистина било историско. Не само заради тоа што премиерно македонските издавачи настапија обединето, туку пред се поради тоа што поканетите автори место да говорат за своето творештво морале да ја бранат својата нација, јазик и историја.

Како што дознаваме, модераторот Кица Б. Колбе и поетите Лидија Димковска и Никола Маџиров реагирале на есејот на авторот Милан Радев, чиј текст бил објавен во изборот на македонската литература на австриското списание „Осило”. Текстот е насловен „Буре барут или романтичен сон. Македонија и Бугарија на европската сцена“.

Младите поети од Македонија, наместо да ги прикажат уметничките достигнувања, се најдоа во улога на бранители на сопствената нација и јазик, а повод бил токму провокативниот текст. Кица Б. Колбе за „Дојче веле“ ќе изјави: „Во текстот се изложени познатите тези на една многу евтина идеологија дека македонската нација е измислена и создадена од Коминтерната, дека македонскиот јазик е измислен, дека Македонците не постоеле се до формирањето на Југославија под Тито. Фактот на текстот е дека неправдата што и е направена на Бугарија во 1913, треба во една слободна и обединета Европа да се исправи. Да и се врати Македонија на Бугарија. Моравме да реагираме, зашто не очекувавме на овој саем во Лајпциг, на кој говориме за литература, а литературата секогаш и припаѓа на сферата на слободите и човековите права, да ги сретнеме токму тие тези. Не болеше кога толку многу се трудиме да бидеме застапени во некаков литературен избор, тоа место од 5 страници да не биде искористено за уште некој од македонските автори“.

И поетите Лидија Димковска и Никола Маџиров со свои изјави за „Дојче веле“. „Ако е Македонија измислена - постојам ли?“ - праша Лидија Димковска. „Иако веќе 15 години не живеам во Македонија, пишувам на македонски јазик. Зашто, ако не пишувам на македонски јазик, сум многу лоша поетеса и уште полоша прозаистка. И кога господинот Милан Радев вели дека македонскиот јазик е измислен, дека не постои македонска нација, би сакала да ве прашам вас, која сум тогаш јас? Дали сум измислена? Да се продаваат идеи како што тоа го вели Радев во извонредното спиансие ’Осило’, кое објави и фрагмент од мојот роман ’Скриена камера’, е срамно и понижувачки и штета е што како учесник за првпат на Саемот во Лајпциг, морам да ви објаснувам која сум, и што сум, на кој јазик пишувам и зошто постојам. Да знаев дека моите песни ќе бидат објавени покрај текстот на Радев и ќе ги осквернат на тој начин, немаше да се согласам мојата поезија да биде објавена во овој број, таканаречен посветен на македонската литература“.

„Јазикот е мој дом - каде и да одам“, вели Никола Маџиров. „Велат дека малите јазици изумираат. И да е така - да им дозволиме да изумрат, а не некој да ги убие... Затоа сакам моето детство, мојот сон, да ги пренесам на мојот македонски јазик. Да пишувам на друг јазик сигурно не би бил преведуван. Би бил многу лош автор“. (Н.П.)


Статијата е прочитана 292 пати.

Испрати коментар

Од: m
Датум: 14.03.2009 10:38:41
браво, само така, со вас сме
Од: Student vo Lajpcig
Датум: 14.03.2009 12:13:05
Bravo za nasite poeti. Bev prisuten na nastanot. Samo da dodadam deka tie si ja zavrsija rabotata za koja bea dojdeni: citaa makedonska poezija na Makedonski i na Germanski jazik. I ne bea sami. Tamu bevme prisutni uste nekolkumina Makedonci, dvaesettina Germanci, a bese dojden i Ambasadorot od Berlin i uste dvajca nasi diplomati. A i standot makedonski e ubav (ama mal) so u[te poubav natpis na nego: Republic of Macedonia. Bravo uste ednas za makedonskite poeti. Pozdrav od Lajpcig.

Најди! во Утрински
Култура
Театарот го прават луѓето
Предавања и работилници за современиот танц
Македонија беше и се' уште е центар на јазична иновација