Број 2936  сабота, 14 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Култура

Македонија беше и се' уште е центар на јазична иновација

Познатиот светски македонист Виктор Фридман вчера говореше на тема „Македонија и Европа од лингвистичка гледна точка“

Невена Поповска



Познатиот светски македонист - академик Виктор Фридман, редовен професор по славистика на Чикашкиот универзитет, вчера на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ одржа предавање на тема „Македонија и Европа од лингвистичка гледна точка“. Уште на почетокот на својата кариера Фридман наишол на политички притисоци и во една прилика за тоа ќе рече:„Кога ги почнав моите македонски студии, мислев дека ова е само еден словенски јазик како и сите други. Не разбирав дека почнувам со една работа која ќе биде оспорена од сите четири страни на светот. Но, добро учев. Наивно и добродушно се посветив на Македонија“.

На вчерашното предавање, професор Фридман потенцираше: „Од јазична гледна точка, заспроти западноевропските обиди да се стави Македонија во некоја лингвистичка периферија, Македонија беше и се' уште е центар на јазична иновација. Покрај тоа, богатството и сложеноста и на старите и на живите многујазични процеси во Македонија се модели на мултулингвизмнот што самата Европска унија, особено нејзината најјужна членка, досега не успеа да го достигне.“

Особено впечатлив е односот на професор Фридман кон делото на Ѓорѓија Пулески. До најмал детал го има проучено неговиот „Речник“ и притоа ќе забележи:„Интересно е тука да го забележиме фактот дека во секој балкански јазик освен во грчкиот постои изрека од типот: „Јазиците се богатство“ или „Колку повеќе јазици знаеш, токлу повеќе вредиш“. Отсуството на таков израз од грчкиот фонд на народни изрази можеби е поврзан со современата грчка политика која го негира присуството на малцинства“.

„��о Западна Европа, продолжи Фридман, во последно време има обид да се докаже дека цела Европа е јазичен сојуз, каде како божем случајно, јадрото е сместено во европската економска заедница, а Балканот во перифесријата. Таквата констатација може да се прави само ако се игнорира историскиот факт дека најважните балкански јазични особини се развиле на територијата и во времето на Османската империја, кога, западна Европа беше распарчена во безброј мини држави постојано во воена состојба. Точно во Македонија, истакнува Фридман, ја имаме најсложената интеракција на најголемиот број на балкански јазици дури и денес. Во контекст на градот Скопје, вкрстувањето на разни дијалекти како и влијанието на стандардните јазици доведува до сосема нови дијалектни ситуации за сите балкански јазици во градот. Покрај тоа, уптребата на повеќе од еден јазик во разговорите на многујазицни луѓе-и стари и млади покажува на разни социјални односи“.

 


Статијата е прочитана 298 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Театарот го прават луѓето
Предавања и работилници за современиот танц
Македонија во фокусот на Саемот на книгата во Лајпциг