Браќа Тавитјан
Одличен перформанс
Во неделата, 21 декември, во Универзална сала во Скопје се одржа концертот на Диран и Гаро Тавитјан, со кој спектакуларно заврши успешната 2008 година за нив. По бројните концерти во Њујорк, Лондон, Србија и Хрватска, конечно своите етноџез-варијации ги изведоа пред домашната публика, која замина од концертот воодушевена од нивниот настап. На сцената се појавија и нивните најавувани гости: перкусионистот Рани Крија, виртуозот на кавал Теодоси Спасов и еден од најзначајните тапанари Гарабет Тавитјан, а од музичкиот дел беа промовирани албумите „Богатство“ и „Музички ритми“.
На сцената се појави и Каролина Гочева, која заедно со нив ја отпеа „Дафино, вино црвено“. Се' на се', тоа беше уште еден концертен спектакл со кој ќе се заокружи 2008 година. |