ВИКТОРИЈА БЕКАМ
Луда од љубомора
Сопругот на некогашната „зачинета“ девојка Дејвид Бекам требало да има интервју со една од најубавите и најсекси водителки во Италија Илари ди Амико, но поради инсистирањето на Викторија, интервјуто било откажано.
Како што пренесува италијанското списание „Република“, поради преминот од американскиот фудбалски клуб Лос Анџелес галакси во италијанскиот Милан, Бекам требало да има интервју со новинарката на Скај спорт, но договорот пропаднал поради љубомората на сопругата Викторија.
Најверојатно, Викторија успеала да ја пронајде новинарката преку Интернет и по дознавањето на податоците за неа, како и за нејзиниот изглед, сфатила дека е многу подобро доколку Бекам да не се појави на интервјуто и целата работа да биде откажана.
Инаку, по пристигнувањето во Милано, Бекам ја одржал својата официјална прес-конференција за новинарите, при што истакнал дека е убаво да се направи мала промена. |