За време на својот настап во Лас Вегас, маѓепсникот Дејвид Коперфилд случајно му ја скршил раката на својот соработник на неколку места и го повредил во пределот на лицето.
Несреќата се случила кога вештачкиот вентилатор што бил поставен на сцената го повлекол за рака помошникот на Коперфилд. Момчето веднаш било пренесено во болница, по што му била извршена операција која траела седум часа.
Инаку, несреќниот настан се случил пред Дејвид да ја прикаже својата уметничка точка, поточно да помине низ ротирачките сечила на вентилаторот.
Наместо извонредната точка на Коперфилд, публиката била сведок на хорор-сцена, која навистина ги исплашила гледачите.
Она што можело да се забележи била крвта од повредениот помошник на сите страни и уште еден присутен, кој се трудел да му помогне на момчето и да го изведе надвор од сцената.