Број 2869  вторник, 23 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Забава

ЏОНИ ДЕП

Наскоро пред олтар

Актерот Џони Деп и неговата сакана Ванеса Паради, конечно, одлучиле својата врска да ја крунисаат со брак. Во прилог на тоа говори фактот дека Деп неколку пати посетувал златарница, бирајќи го вистинскиот прстен за неа без да води сметка за цената. Дури за време на неговата посета дуќанот бил затворен за другите муштерии.

Се чини дека актерот, кој отсекогаш велел дека му е многу поважно што чувствува отколку потписот на лист хартија, одлучил својата невенчана сопруга, со која десет години е во врска, да ја однесе пред олтар. Притоа, Паради неодамна открила дека ништо не би и' пречело доколку во нивниот живот следуваат мали моменти на романтика.

„Ја сакам романтиката, но бракот и не ми е многу важен. Се чувствувам како да сум во брак многу повеќе отколку други кои навистина се дел од него. Имаме две деца. Можеби еден ден ќе се венчаме, но навистина можам да живеам и без тоа“, појаснила Ванеса Паради.


Статијата е прочитана 1097 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Повреден асистент при изведба на магија
Луда од љубомора
Одличен перформанс