|
|
|
|
|
|
Поглед
Каде за Скопје
Горан Адамовски
Ако сте биле накај Прилеп, Битола или Преспа и треба да возите назад кон Скопје, особено ако е ноќ, тогаш сте во проблем. Патот е практично неосветлен, патоказите се напишани во сиви бои, а згора се и нејасни.
Откако ќе се искачите и спуштите од Плетвар, веќе накај Росоман ќе видите дека со патоказите нема да оди идеално. Сепак, по инерција ќе продолжите само право, оти патот и така ќе ве води. Е, ама по Росоман, не помага инерцијата, оти за Скопје треба да се врти.
Првиот патоказ ќе ви го каже тоа, иако ќе се помачите да видите, бидејќи половина од таблата е искршена. Малку понатаму е и вториот патоказ, ама за да прочитате што пишува - треба да го сопрете возилото и да се доближите, бидејќи буквите немаат ништо заедничко со белата боја.
И дојдовте до мостот, на кој треба да се искачите за да се приклучите на автопатот од Гевгелија кон Скопје. Арно ама, пред мостот нема патоказ за Скопје, има само една табла на која пишува Велес.
Малку понатаму има една табла на која пишува Скопје, само што работата е што ако сте стигнале таму, значи дека сте промашиле. До Велес ќе возите по стариот пат, а не по автопатот. Добро, не е крај на светот, ама, сепак, не сакате без причина да се клацкате по стариот и неосветлен пат.
Тоа дека државата ги занемарува патиштата, нивната обнова и изградба сме пишувале многу пати. Сега денарите и еврата ги чуваме за поважни работи, на пример за споменици. В ред е тоа, ама може барем патоказите да бидат пристојни и да ги има почесто.
Туку, не мора да чекаме на надлежните. Спасот е само ако сте го научиле патот напамет, па патоказите ви доаѓаат повеќе како потсетување, а не како аларм. Ако не, ќе ви треба тренинг. |
#
|
Статијата е прочитана 1453 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Silvester, Sidnej |
Датум: 19.08.2011 01:33:19 |
|
Od moe iskustvo na neodamnesnoto vozenje niz MK bev izmacen prakticno da najdam kade odam. Znaci ne ni postojat prakticno, sokrseni, izvadeni celi tabli, haos. Srekja sto pamtam od porano za patistata, inaku stranec ne bi mozel da ja pronajde posakanata destinacija. Vozac moze za mig da napravi greska so fatalni posledici. I ne e za cudo sto vo MK se gine sekojdnevno. |
|
|
|
|
|
|
Од: da_mi |
Датум: 19.08.2011 06:06:56 |
|
колку ја издраматизира работава, демек до Скопје не може да се стигне од Прилеп... и тоа во 21век кога секој втор возач (ако не и повеќе) имаат ГПС уреди во автомобилите! |
|
|
|
|
|
|
Од: mene |
Датум: 19.08.2011 10:57:07 |
|
A imate probano da go pogodite patot t.e izlezot za aerodromot na prvo?? nema sansi..... |
|
|
|
|
|
|
Од: Djoni |
Датум: 19.08.2011 10:58:40 |
|
Do Da-Mi
Ne e voopsto izdramatiziran tekstot, tuku e tocen od zbor do zbor. Soobrakajnata signalizacija polosa ne moze da bide. Nema drzava vo Evropa koja ima vakva signalizacija. Sram golem. |
|
|
|
|
|
|
Од: Mitre na Lenka |
Датум: 19.08.2011 11:32:53 |
|
samo shto se vrativ od ''kletata'' grcija!
...samo shto kaj niv, i slepec bi mozel da stigne kaj shto saka,..... i toa SAM! |
|
|
|
|
|
|
Од: ne_mi |
Датум: 19.08.2011 12:14:12 |
|
Poradi GPS sistemite ne trebaat patokazi. Gledam sekade vo razvieniot svet gi imaat izvadeno. Ako ne mu teknuva nekomu nesto pametno da iskomentira podobro da ne se javuva. |
|
|
|
|
|
|
Од: Локален маченик |
Датум: 19.08.2011 13:39:53 |
|
Апсолутно на место текст! Тоа е животот, тоа се проблемите што ни ја загорчуваат секојдневицата, а не дали Александар имал дечко и дали Букефал им светел кога разменувале нежности. Неколку пати ми се случува поради катастрофалната сигнализација да се враќам по стариот пат до Велес, иако би сакал да возам по автопат, да го утнам Скопје кај Удово, враќајќи се од Штип итн. Овој проблем е повеќе од 20 години и никого мува не го лази поради тоа. Ај патиштата, ама мора ли и знаците да се очајни? Не е чудо што НАТОвците на времето редовно возеа по обратен правец по патиштата. Тие се навикнати на нормални знаци и уредна сигнализација, ама кој им е крив што никој не им кажал дека дошле во Палестина, а они мислеле дека се во Европа? Е поради вакви работи животот во Македонија е тешка казна и затоа едвај чекам Господ да ми даде шанса да си заминам засекогаш од оваа Double H земја (Helpless and Hopeless). |
|
|
|
|
|
|
Од: Evergreen |
Датум: 19.08.2011 14:08:00 |
|
Da-mi,kako uspevas sekogas da skines zelena? |
|
|
|
|
|
|
Од: mali |
Датум: 19.08.2011 21:36:49 |
|
zošto ni se patokazi ne e vo red da se trošat pari za toa treba da se štedat pari za da izgradime spomenici na site premieri od osamostojuvanjeto mnogu napravija treba da imaat spomenici na ploštad vo skopje |
|
|
|
|
|
|
|
|