Број 3660  петок, 19 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Втора страница

АРМ е столб на нашата сегашност и иднина

Во Охрид се одржа централната свеченост по повод 18 Август - Денот на АРМ

Охрид - Пред 170 гости и голем број граѓани вчера во Охрид се одржа централната свеченост по повод одбележувањето на 18 Август, Денот на Армијата на Република Македонија. Во армискиот Центар за обука на вода, претседателот на државата и врховен командант, Ѓорге Иванов, ги поздрави присутните министри, поранешни началници на ГШ на ��РМ, пратеници, пензионирани генерали, амбасадори и воени аташеа нагласувајќи ја довербата што ја ужива нашата армија како еден од столбовите на сегашноста и иднината на земјата.

„Довербата што ја ужива АРМ е големо признание, но и уште поголем предизвик да ги освојува највисоките стандарди, како услов за нашето евроатлантско интегрирање. Нашиот мировен контингент во Авганистан е еден од најдобрите, во што можев лично да се уверам. Нашата Армија е еден од столбовите на сигурноста и просперитетот на нашата земја. Се поклонувам со длабока почит и кон сите нејзини загинати припадници што ги понесоа најголемите жртви. Нашата земја и нејзината иднина се изградени врз нивниот хероизам“, потенцираше Иванов.

Вчера, на централната свеченост по повод Денот на АРМ, прв пат беше извршена церемонија на примопредавање на должноста началник на Генералштабот на АРМ, на која досегашниот генерал, Мирослав Стојановски, му ја предаде должноста на деветтиот началник во историјата на АРМ, генерал мајорот Горанчо Котески.

За време на одржувањето на централната свеченост два пати беше извршен прелет со два борбени хеликоптера „Ми-24“ од составот на воздухопловниот ВИНГ на АРМ.

Денот на Армијата со низа свечености го одбележаа и охриѓани. По повод 18 август, денот на формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“, кој сега се слави како Ден на АРМ, во организација на Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи на традициите, за општините Охрид и Дебарца, на Славеј Планина се одржа традиционална пригодна свеченост. По тој повод делегација на борците од Охрид, Струга, Дебарца, Кичево и од Дебар, на локалните самоуправи Охрид и Дебарца, претставници на АРМ, на политички партии и на здруженија положија свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Славеј Планина. Пригодно обраќање имаа Гоце Георгиески, претседател на Општинската организација на СБ од Охрид и Дебарца и Петар Карајанов, потпретседател на ГО на СБМ. За гостите имаше и „партизанско гравче“ , како и културно уметничка програма, со настап на ансамблот „Филиграни“. (В.М.)

Спомен-плоча за загинатите припадници на АРМ

Тетово - По повод Денот на АРМ во тетовскиот гарнизон „Кузман Јосифовски-Питу“ беше откриена спомен-плоча во чест на загинатите припадници на АРМ во конфликтот од 2001 година. Плочата е поставена на влезот пред командата на касарната. На мермерната плоча пишува „Во чест на загинатите другари од конфликтот од 2001 година: постариот водник од прва класа Исак Руфати и војниците Николче Китанов, Блашко Толев, Влатко Миленковски, Благоја Силјаноски и Пеце Матичевски“.

„Спомен-плочата е вечно сеќавање на жртвите во едно премреже на нашата држава. Нивното дело никогаш нема да го заборавиме“, рече Блажо Николоски, командант на тетовскиот гарнизон. (Г.Е.)


#
Статијата е прочитана 870 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 19.08.2011 00:14:11
Presedatelot pred nekolku dena se pokloni pred spomenikot na Cento i mu poraca deka ARM go ispolnuva negoviot amanet. Ne se bori na Srem tuku vo Avganistan. Pozdrav do site patroti i progonuvanite vo socijalizmot zaradi nivnoto zaaganje za obedineta i samostojna Makedonija.
Од: Moris
Датум: 19.08.2011 09:05:20
A Cento komunist li bi clen na Komunistickata partija ili bil VMRO. So ogled na toa deka bil aktiven kaj partizanite i vo ASNOM pominal kako pretsedatel togas bil komunist. Toa e fakt i nemojte od cento da praite VMRO kadar. PAtriot da ama KOMUNIST i nastradal vo partiski sudir na komunistite. .

Најди! во Утрински
Втора страница
Македонија добила нови услови од ЕУ
Вербатим
Каде за Скопје

"""