Број 3660  петок, 19 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Втора страница

Македонија добила нови услови од ЕУ

„Листата на Санино“ никој не сака да ја каже конкретно

Слободанка Јовановска

Македонија добила нови услови од ЕУ што треба да ги исполни до 5 септември, објави вчера вицепремиерката за евроинтеграција, Теута Арифи, презентирајќи ги своите приоритети во Комисијата за европски прашања во парламентот. Нарекувајќи ги условите „листа Самино“, според врачувачот Стефано Самино, Арифи избегна да ги објави конкретно, но ги наброја областите во кои Македонија мора да направи брзи потези, ако сака да и' биде повторена по третпат препораката за преговори. Според неа, листата не е долга и е краткорочна, а треба да ја спроведат министерствата за внатрешни работи, за информатичко општество, за правда, за локална самоуправа и Секретаријатот за Рамковен договор.

Како што се дознава, Брисел бара ургентни промени околу начинот како функционира јавната администрација, односно да се стави веднаш црта на начинот на кој се вршеа вработувањата досега и да почне да функционира системот на унапредување според постигнувањата. Исто така, конечно, да се изработи регистар на сите вработени во јавната администрација, а, наводно, за тоа веќе почнале активностите во Владата. Околу упадот во медиумските слободи Брисел побарал да се преиспита одлуката за Советот за радиодифузија и за законот во оваа сфера да се отвори јавна расправа.

Исто така, било побарано да се формира работна група што ќе го усогласи законот со европската регулатива, бидејќи вака ја јакне медиумската контрола. Од МВР се барало да стави крај на азилантските бранови, додека Министерството за локална самоуправа треба да подготви план за слабостите во функционирањето и во финансирањето на општините, т.е. како ќе се децентрализираат парите од државно ниво на локално, каде што во најголем дел им е местото.

Арифи вчера беше оптимист дека овие барања ќе се исполнат до рокот, бидејќи извештајот на ЕК треба да биде напишан до средината на септември. Ако се следи логиката на славните осум бенчмаркови претходните години, излегува дека ЕК си бара алиби да ја повтори препораката за преговори на Македонија, бидејќи реална оцена на состојбата би довела до заклучок дека политичките услови веќе не се исполнуваат и неа треба да ја повлечат. Односно, дека наредните 15 дена Владата треба да даде најави или да почне активности што би биле најава дека ќе преземе некои мерки во овие сфери, а не треба ни да се прогнозира што ќе се случува потоа. За потсетување, вакви силни исполнувања на условите имаше и лани до извештајот, а истиот ден откако беше објавен Владата повлече потег со кој сето тоа го доведе во прашање.

За секој случај, Арифи вчера потсети дека ЕУ не е само идеја, туку и средства што и' се даваат на земјата за разни проекти и дека освен што треба да исполниме услови, потребно е да учиме и европски вредности и да ги афирмираме европските идеи, очигледно имајќи ги предвид антиевропските расположенија што се потхрануваат сега во земјата. На крај таа го спомна „клучниот момент“, решавањето на спорот со името на државата. „Има работи што можат да бидат непријатни, но со кои мораме да се соочиме“, рече таа, оценувајќи дека како земја ние сме ја покажале добрата волја за решавање на спорот и дека очекуваме истото тоа да го покаже и другата страна. Кому мислите да му влијаете да се реши спорот, на премиерот Никола Груевски или на грчката влада, и' реплицираше еден од пратениците, порачувајќи и' дека сите знаат дека ќе биде неуспешна како министер ако не се реши спорот со Грција. Јани Макрадули за расправата за медиумите и' порача дека е како „свадба по тапани“ и ја потсети дека додека зборува веќе е во процедура закон што не' оддалечува од ЕУ и кој фрла сенка на нејзините заложби - законот за млади.

Што сме направиле, на 5 септември лично ќе провери еврокомесарот Штефан Филе, кој ќе престојува во еднодневна посета на земјата, ќе има билатерални средби со нашите функционери и ќе присуствува на конференција за Рамковниот договор. Филе со тоа елегантно ќе ја избегне прославата на независноста на земјата три дена подоцна, на која кога би присуствувал, би и' дал легитимитет и алиби на политиката на мегаломански споменици и антиквизација. На истата конференција ќе биде и премиерот Никола Груевски и тоа веројатно е начин да дојде за вистински повод и да ги пренесе неопходните пораки до нашиот естаблишмент.


#
Статијата е прочитана 5916 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 19.08.2011 00:19:57
"Владата треба да даде најави или да почне активности што би биле најава дека ..." Nema problem, vladata ce najavi i ce objavi deka EU i NATO ni se prioritet. I ce im pokaze sreden prst. A i na izvestuvacite im e gajle, ce napisat polupozitiven izvestaj. I se ci si podolzi po staro. I volkot sit i ovcite istrizeni.
Од: neopredelena
Датум: 19.08.2011 00:43:58
Na Familijate ne im e vo interest Makedonija da vleze vo EU - koga ke go svatite ova? Ako MKD vleze vo EU togas Familijata nemoze mirno da caruva vo MKD, ke mora da gi slusa strancite i da se predrzuva na Evropskite zakoni. Kako toa moze na nasiot Car Grujo nekoj da mu kazuva kako da vladee?
Од: jovan
Датум: 19.08.2011 00:46:00
Moze, se toa KE go napravime, NO PROBLEM, samo ostavete ne malku na mira. Do 5ti sepremvri nema sansa od odmor da se vratime ,ne pa "reformi" da sprovedeme, a i sto tolku vi se brza, nema valjda uste utre da ne primite. Poleka, dajte ni fora edno 3-4 godini,pa taman tamu so Skopje 2014ta se zaedno KE gi ostvarime i vasive baranja.
Од: nedovrsena prikazna
Датум: 19.08.2011 02:29:45
A uslovoite: Mienje zabi sekoe utro, Obavezna kravata koga ima priemi kaj "Evropejcite", Zadolzitelna nasmevka i gledanje v zemja dodeka zboruvate so niv, .... se cuvaat za kraj..
Од: Makedon
Датум: 19.08.2011 02:53:03
Kakva EU,firmata odi vo stecaj a nie barame vrabotuvanje !!!
Од: Raspucin
Датум: 19.08.2011 07:00:00
Ako tolku lesno se preboluvaat neprijatnostite.Togas prasanje do tebe vicepremierke zasto ne gi prebolevte 2001 tuku zemavte oruzje.Jas ke vi odgovoram zatoa sto ste narod koj se ceni sam a sega i nie.A Makedoncite se za zal polni so predavnici i ne se cenime sami nitu ne cenat.EU i NATO ama bas ic ne i trebaat na MK.NATO esekade okolu nas pa nemoze da ne stiti od samo sebe.A EU e posebna prikaska koja seuste ne se znae kako ke zavrsi.Nasite Oligarsi bas zatoa ja saak EU za toa sto go kazavte fondovi od koj parite ke zavrsat vo bozemski proekti.Za prostiot narod da objasnam zasto sum bil ucesnik na takov proekt i normalno nagraden za toa.Se zimaat pari za da napravite fisibiliti studia.Zimate podatoci od statistika ,kade sekoj moze da zeme prepoisuvate nekoj podatoci i za toa nekoj zima poveke od 100 000eu.Ama bidejki mora da pokaze tim deka rabotel ete me i mene so nekoja paricka od toj bozemski tim.Ete zatoa ja sakaat EU.Parite od EU nikogas ama bas nikogas nema da stignat do narodo
Од: Ilija
Датум: 19.08.2011 07:28:15
Arifi moze nejzinoto ime da go menuva, ne nasheto. Barame javno da se izvini na TV na site Makedonci pa i Albanci, ako ne ke barame da ja smenat!
Од: obicen
Датум: 19.08.2011 07:50:10
Okolu upadot vo mediumskite slobodi???Neka si ja gleda Italijanecot mediumskata sloboda vo negovata Italija i sto tamu pravi Berluskoni. Zarem ne gledate deka toa drustvo se raspagja i deka nema nikakov, ama bas vekje nikakov kredibilitet za nisto ama bas za nisto da ni popuva. istoto mozeme da mu preporacame i okolu sudstvoto. Mizerni mafijasi i tie ke bidat primer. More gonete se site u ....
Од: Кога грците ќе добијат услови за почитување на основните човекови права?
Датум: 19.08.2011 08:02:42
ЕУ и НАТО не ни се приоритет! Приоритет ни е борбата за името!
Од: Трпе
Датум: 19.08.2011 08:09:56
Денешната работа не се остава за утре.Но нашата пропагандна влада остава задачите да и се трупат па нормално е и да се насоберат многу нерешени задачи.И чокалади да ги оставаш да ти се соберат,одеднаш неможе да ги изедеш ќе те боли стомакот.Но кај нас се живее од денес до утре само деновите да минат.Кучињата лајат а караванот си врви.Важно е јас да си го завршам сопствениот бизнис.Кучињата нека продолжат да си лајат.Што е важно што некому платното ке му го изгазиме.Водачот на караванот пак ке си пишува манифест.
Од: VP
Датум: 19.08.2011 08:41:56
Ех, во Македонија мај и волкот гладен и овците - изедени. Нема шанси...
Од: dedo dimo
Датум: 19.08.2011 09:07:18
Zakonite bi mozele da se napravat a za Iimeto toa e neshto teshko i verojatno ne ostvarlivo.. Za da vlezish vo edna organizacija da morash da si so smenish imeto Toa e sosema glupavo i ponizuvachki.Odnosno e sram Za Zapadnite demokrati .Ako e takva demokratijata nivna ,shto barame vo takva trula DEMOKRATIJA..
Од: toso
Датум: 19.08.2011 09:09:36
Aman, a Makedonija da i postavo uslovi na EU a ko saka Makedonija da stane clenka na EU? Pa EU vo momentot ima daleku pogolemi svoi problemi otkolku sto gi ima Makedonija!
Од: Timotej od Kumanovo
Датум: 19.08.2011 09:28:25
Каква ЕУ какви услови за Македонија, нашата цел треба да се насочи само кон членство во НАТО и развој на економијата, што бараме да се качуваме на брод кој веќе почнал да тоне, зарем и тоа ни треба во оваа време.
Од: eu do toso
Датум: 19.08.2011 09:50:36
toso ti vrska nemas sto eu a sto maked pa kaj eu imala pogolemi problemi od mak pa vo eu nese trpi,ima zdravstvoza site,nema salteri,grcite imat plata 1000evra a ceni 20%povisoki od maked....na koa nivo bevme koga sekerinska bese na funkcija na evrointergac a na koe nivo spadnavme so ramkovniot i so arife taa vrska nema za ispolnuvanje na uslovi za eu samo trese celo vreme trebalo imeto da se promeni.........neka si go promeni svoeto kako sto na zapad pravat makedonci i albanci n.p. arifovska....
Од: potresena
Датум: 19.08.2011 10:05:47
Mnogu sum potresena sto Fule nema da bide vo Skopje na proslavata na 20 godini nezavisnost za da i dade LEGITIMITET na vladinata politika. EEEEEj idioti, legitimitet dava narodot na izbori. ne ni ja napravil Fule ovaa zemja. I takvakakva e si ja pravime nie samite.
Од: struja
Датум: 19.08.2011 10:29:43
Luge ma sto ke ni e EU samo poveke davacki i odliv na rabotna sila treba da si gi zasukame rakavite i da ja gradime nasata drzava Evropa nikogas ne ni bilo planirano da se sozdade samo planot e Germanija i Francija da ja ograbar Istocna evropa so energetski rudarski i covecki resursi sekoj sto saka vo Evropa samo saka da si se laze sebe deka e ok, jas sum rabotel vo EU i znam kao e. Ke se kaeme samo...
Од: snajper
Датум: 19.08.2011 11:01:17
nema da ima nikakvi novi dogovori i predlozi za imeto od stilot na branko i grujo 'republika skopje'.. se ke se zavrsi prema dogovorot od Nimic (koj go poddrzuvaat i graganite na drzavata, toa ako sakaat udbasite mozat i na referendum da si go potvrdat) i drzavata ke bidi clenka na NATO i EU, a na udbasite im sledi kraj i vistinska lustracija, a ne udbaska koja tie sega sakaat da ja sprovedat..
Од: Mirko
Датум: 19.08.2011 11:40:10
G.Teuta ve pocituvam kako licnost profesor politicar no seuste nemozam da svatam kako mozevte da se nafatite za ovaa funkcija ne deka vie neste sposobni no kolku se drugite sposobni e prasanjeto, i mislam deka so ova samo ke se istrosite a sepak kako parlamentarec ke imavte pogolema tezina.
Од: ОНУФРИЈЕ
Датум: 19.08.2011 14:21:02
Е, убаво, Теута Арифи ќе ја води Македонија во Европа.
Од: Biljana
Датум: 19.08.2011 15:23:21
Bravo ITAR PEJO, bravo. I jas toa go mislam.
Од: so snajper
Датум: 19.08.2011 17:04:02
Ti da ne si pijan?Predlogot od Nimic e odbien odamna.Toj predlog go odbi nasata vlada,no i gragjanite vo Makedonija ne sakaat nikakva promena na imeto.
Од: Tina
Датум: 19.08.2011 17:04:09
Do koga ke ne ucenuvat? I zosto da im se poklonime na EU? Sto taa promeni vo Bulgarija? i Grcija? Nisto. Hrabrite Makedonci zemaa inicijativa za pravda, a Grcite ne mozat da negirat oti EU im dava bilioni. EU neka si sredat rabotite kaj svoite clenovi po propisni red, i neka si ziveat kako sakat. Bez nas Makedonci. Ozbiljno, tie ne ni trebat. , a pogotovu tie sugestiji od nekoj si, koja nema poim koji sme nie Makedonci.
Од: Majel Bau
Датум: 19.08.2011 18:17:49
Gi citam komentarite i se cudam, mnogu zboruvaat za EU a nego poznavaat EU ni malce. Gospodzata Teuta samo go prenesuva ona sto go baraat site toa neje nejzino baranje. Za imeto nesum slusnal dosega od nikoj pretstavnik od EU deka treba dago menime otsim od Grzite, od EU i od SAD velat da go resite problemot sto e pobrgu znaci pregovori so Grzite adali kego menite ili ne ostanuva na nas , Diplomatija treba dase vodi na povisok kvalitet. A sto se odnesuva do zakonite i vlez vo EU nemorame ako ne sakame no zakonite i se neophodni za napredok vo site sveri, koga ke sme ekonomski jaki ili pojaki nego sega koke si gi pocituvame zakonite, posle ke razmisleme dali sakame ili ne. Da napomenam deka Svajcarija nee vo EU no tije imaat pogolem standard od najgolemiot del ot EU unijata.
Од: ez- mani
Датум: 19.08.2011 18:38:42
svaka mu chast na gruevski sa pobedata vo izborite i svaka mu chast shto ne go menuvat imeto a tie shto imaat trista obrazi tie i dushata si ja prodavaat za malku interes,znae gruevski deka narodot vo makedonija mu posakuva dobro na evropa no i znae deka nieden narod vo svetot ne saka nekoj da mu go meni imeto.
Од: jas
Датум: 19.08.2011 20:31:56
of lelelelee jadni oni abe nemame nie cvrst politicar pa da im kaze ubavo oni prvo doma si gi sredat problemite pa posle da dojdat da ni kazuvaat,koga im e haous vo nivnite zemji ama glupavi i nie pa odime po pametot niven
Од: dejan
Датум: 19.08.2011 22:46:16
gluposti nie nemame ni drzava ni identitet ni narod toa e se kukavici sto na grujo mu davat na znaehje deka e gospod oti mu se plasat

Најди! во Утрински
Втора страница
Спомен-плоча за загинатите припадници на АРМ
Вербатим
Каде за Скопје

"""