Британскиот судија Јан Бономи ќе му суди на Караџиќ
Хашкиот трибунал соопшти дека британскиот судија Јан Бономи е именуван за претпретресен судија, пред кој поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, би требало да се изјасни на 29 август по обвинението. Претседателот на Трибуналот, Фаусто Покар, за членови на Судскиот совет ги одреди судиите Патрик Робинсон (Јамајка), како претседавач, Јан Бономи и Мишел Пикар (Франција).
Претпретресната постапка до почетокот на судењето на Караџиќ ќе ја води членот на Судскиот совет Јан Бономи. (МИА) |