Тројца браќа од Крива Паланка натепале двајца полицајци кои се обиделе да интервенираат при тепачка. Според МВР, инцидентот се случил завчера околу полноќ во хотелот „Турист“ во центарот на градот. Браќата Демир М. (26), Идавер М. (21) и Ферди М. (23) поради расправија за музичка желба го нападнале И.М., кој во хотелот го прославувал сунетот на својот син. Полицајците дошле да ја смират ситуацијата во хотелот откако поголема група гости се вклучиле во тепачката. Но, браќата ги натепале и полицајците додека овие ги смирувале разбеснетите гости. По масовната тепачка, браќата се приведени. (Ј.К.)