Брoj 2770  сабота, 23 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Отсечена глава на момче оставена на улица во Белград

Се претпоставува дека отсечената глава на паркингот била оставена во почетокот од неделата. Идентитетот не се знае

Отсечена глава на момче на возраст од околу 25 години, ставена во црна ќеса за ѓубре, била пронајдена во четвртокот околу 15 часот на паркинг на булеварот „Крал Александар“ во Белград. Ќесата со човечка глава ја пронашле новинарите од белградските медиуми, кои претходно, непознат машки глас ги известил „да одат на булеварот ако сакаат да фотографираат нешто морничаво“. Се претпоставува дека отсечената глава на паркингот била оставена во почетокот од неделата. Идентитетот на жртвата не се знае. Полицијата го проверува описот на сите момчиња, кои изминативе два-три месеца биле пријавени за исчезнати. Освен тоа, полицијата го бара и анонимниот јавувач, бидејќи постојат сомневања дека тој знае нешто повеќе за злосторството.

Приказната започнала во четвртокот околу 14,30 часот кога непознат маж се јавил во редакциите на тамошните весници, им кажал каде треба да сликаат и смирено им рекол да се јават во полиција.

„Гласот му беше смирен, а според звуците што се слушаа зад него, веројатно зборуваше во од“, пишува „Блиц“.

Иако шокирани, репортерите на „Блиц“ отишле да ја проверат вистинитоста на приказната. Таму биле и колегите од уште една редакција, која, исто така, добила анонимен повик. По половина час заедничко барање, еден од новинарите ја пронашол ќесата, во која имало крвава машка глава со костенлива коса. Под и над левото уво имало длабоки резови, кои, веројатно, биле нанесени со остар предмет. Кожата била кафеава, што сведочи дека неколку дена стоела во ќесата.

„Ја забележав ќесата кога одев во банка, но не обрнав внимание, бидејќи не почувствував смрдеа, а и некои станари имаат обичај да го остават ѓубрето на улица. Ова е неверојатно“, ги пренесуваат српските медиуми изјавите на шокираните станари.

Една жена од соседството ја забележала ќесата уште во вторникот. Нејзиното куче постојано урунирало врз ќесата.

„Иако кучето чудно реагираше, не почувствував чудна миризба“, тврди белграѓанката. (Х.Р.)


Статијата е прочитана 1564 пати.

Испрати коментар

Од: elena
Датум: 23.08.2008 02:19:20
od site ovie grozni i mornicavi vesti samo uste eden primer do kade otidovme ne samo nie na balkanot tuku nasekade niz svetot mozebi zvucam pesimisticki no mislam ke se slozite so mene gi ziveeme poslednite godini na ovoj vek.se blizi krajot na covestvoto a ova se samo predznaci koj go oznacuvaat krajot.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Почина повредениот работник од МЖ, три години го делеле од пензија
Тројца возрасни мажи принудувале малолетнички на секс
Тројца браќа натепале полицајци во Крива Паланка
Британскиот судија Јан Бономи ќе му суди на Караџиќ
Ексдиректорот на „Жито Битола“ присвоил 217.000 евра, тврди МВР

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.