Камионите со сомнителната пратка и натаму на Блаце
Македонските и косовските власти не постигнаа договор за надминување на проблемот
Деспина Трајковска
Трите камиони со сомнителната пратка, кои пред три дена од Косово беа вратени во Македонија, и вчера останаа на граничниот премин Блаце. Македонските и косовските власти не успеаја да се договорат како да го надминат проблемот, но како што уверува владиниот портпарол Ивица Боцевски, нашата страна очекува наскоро камионите да бидат повлечени. Надлежните и вчера, трет ден откако камионите се заглавени на Блаце, не можеа да потврдат каква материја се пренесува во камионите. Единствено се сигурни дека не станува збор за радиоактивна супстанција. Боцевски, пак, посочи дека според првичните сознанија најверојатно пратката содржи сулфиди, а не адитиви кои се користат за производство на хидрауличните масла и кои производителот ги навел на декларацијата.
„Остануваме на ставот дека пратката може да транзитира низ нашата држава единствено доколку се препакува соодветно, согласно стандардите. Во ова форма нема да дозволиме таа да помине низ нашата држава“, рече портпаролот на Владата.
Инаку, ситуацијата на меѓуграничниот простор меѓу Косово и Македонија и вчера беше непроменета, како и во изминативе три дена од кога граничните косовски служби, поради сомнежите на составот на пратката, камионите без претходна најава ги вратија кон Македонија. Дел од пограничните и царинските служби на нашата територија превентивно шетаат со гас-маски заради неподносливата смрдеа што се шири околу возилата. И вчера влезот и излезот од нашата држава се одвиваше непречено за сите видови возила. Портпаролот на Владата, Боцевски, ја демантираше информацијата од АМСМ дека поради случајот со камионите, граничниот премин Блаце кон Косово е затворен за влез на тешки товарни возила.
Сознанијата со кои располагаат нашите надлежни институции се дека камионите со бугарски регистарски таблички тргнале од Иран со крајна дестинација Призрен, Косово. Тие требало да му бидат испорачани на извесен призренски бизнисмен.
nisto ne veruvame vo toa sto se izjavuva ,kako i sekogas niz MK moze da pomine i toni rasipano meso ,i da se izgubi nekoj a kade nikoj neznae ,pa sigurno vo mesarite ili na kvantaski ,a sega zamislite kamionite bile nameneti za biznismen vo Kosovo ,tie nego primaat stoi na MK granica ,vidi MK LOGIKA
Од: Леле бруки
Датум: 04.06.2008 09:14:19
На дело ја гледаме што стори ‘партизацијата‘ на институциите кои се одговорни за безбедноста на државата и народот. Куп институции и народ вработен кој појма нема за ништо. Затоа се увезува токсичен зејтин кој го јадеме, само за нас непознати хемикалии од држава која е на црна листа за апроизводство на хемиско оружје, увоз на Грчки нуклеарен отпад .... Уште што ли ќе има?
Од: Од Македонија
Датум: 04.06.2008 10:54:18
Додека се занимаваме со политика сите македонци,цела држава ни е или нуклеарен одпад,или транзитен шверц.Македонски Брод е едно од најчистите подрачја во МК, како слушам и таму ке го загадуваат гадинкиве што ги имаме во Македонија.По се изгледа сите донации во Македонија се за да примаме одпад кој не го примаат и афричките земји,срамота.Поведете рачун околу тоа не кој е премиер,или кој е директор пратеник.Македонија ни е направиа една голема депонија.Исчистете го ѓубрето од Македонија целата е во ѓубре, во ЕУ сакаме тоа е првиот услов односно ако не се работи за европско ѓубриште да бидеме првиот услов поради кој нема да не примат во ЕУ што примаме разно ѓубре,одпад затоа и најповејке болни има во МК.Поречани не примајте никааков одпад во Поречијата од каде и јас купувам чист мед и некој плодови.Затоа го чуваат неразвиено за сега да го полнат со радиоактивен одпад,а овој на граница ке го пушти некој како гледам ако толку останал или малу помалу ке се истовари на граница во помали циСТЕ
Од: Riste
Датум: 04.06.2008 15:50:49
Нормално дека нема Косово да го прими товарот од Блаце. И тие отворија очи. Минатата недела им утрапивме нуклеарен материјал од Грција, а сега треба хемиски отпад. Па не се толку глупави.