За кандидатите за ректор ќе се одлучува на 10 јуни
Членовите на Ректорската управа на Скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“, на 10 јуни со тајно гласање ќе избираат кои двајца од четворицата кандидати за ректор ќе влезат во најтесниот избор за ова престижно место. За ректорската фотелја факултетите ги кандидираа досегашниот ректор Ѓорѓи Мартиновски и проректорот за настава, Велимир Стојковски. Другите двајца кандидати се деканот на Економскиот факултет, Бобек Шуклев, и професорот на ПМФ и поранешен министер за образование, Ненад Новковски.
Во Ректоратот на Скопскиот универзитет велат дека на седницата на Ректорската управа ќе се одлучува и за идните проректори, а досега за овие места конкурирале 18 кандидати. Конечниот избор на ректор и проректори се очекува да заврши до почетокот на јули. (Ж.Х.З.)
Cudna rabota e da ovaa statija e procitana 134 pati i da nema nitu eden komentar. Toa ukazuva na nemanje intelektualen kadar, nema nekoj sto nesticko misli i nema nekoj koj ima malku, malku hrabrost da se javi i da komentira. Za zal, toa e makedonskata vistina.
4 kandidati za rektor, 18 kandidati za prorektor. Demokratija, samo me interesira koj go predlozil za rektor gospodinot Novkovski, so koj vo minatoto (koga istiot bese minister!) Univerzitetot imase golemi problemi? Pa samiot kandidat ne doagjase na sednici na Univerzitetskiot senat zatoa sto mu bese zagrozen zivotot (nemu i na semejstvoto!). A sega saka da bide rektor! Taka mu rekle od partijata koja e pogolema od intelektualnoto cuvstvo za akademska sloboda. Nazdravje Akademijo, nazdravje samostalnost, avtonomia...