Брoj 2703  среда, 04 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter
Македонија

ПЕЛАГОНИЈА

Невреме носеше добиток од Штавица

Скршени дрвја, удавен добиток, поплавен тутун се последиците од силната бура

ПРИЛЕП - Скршени дрвја, удавен добиток, поплавен тутун се само некои од последиците што ги предизвика силното невреме завчера попладне во мариовското село Штавица. Селаните се исплашени и велат дека вакво невреме не паметат во последните пет децении. Животот на населението од овој крај дополнително е отежнат, бидејќи поради невремето се исклучени од електромрежата.

„Кога почна бурата, уште бевме во полето. Паѓаа громови како змии врз земјата, а потоа почна силен град. Се слеваа во Штавичка Река поројни наноси од планината кои туркаа се' пред себе. Овците исплашени трчаа на сите страни, а ние немоќни се обидувавме да ги спасиме. Како што вадевме грло по грло од добитокот така голем број овци, крави, телиња ги однесе бурата. Не знаеме сега каде се. Некаде по текот на реката. Најверојатно се однесени во некои други села“, раскажуваат Даниела и Дице Трајкоски. Тие ги проценуваат штетите на околу 5.000-6.000 евра, зашто невремето го уништило расадот за шесте хектари со тутун и над 25 грла добиток.

Жителите на Штавица велат дека повеќе од пет часа се бореле со водната стихија, која била сериозна закана и за нивните животи. Вознемирени и во безизлезна состојба, овие луѓе итно бараат помош од градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, но и од Владата.

„Владата и Министерството за земјоделство мора итно да не' обесштетат, зашто по оваа елементарна непогода остануваме без егзистенција. Сите стотина куќи во Штавица живеат исклучиво од тутунопроизводство и сточарство. Без парична помош ќе останеме и без леб“, вели Трајче Маркоски. (Мн.Т.)


Статијата е прочитана 333 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Вработените во МРТВ од денес на штрајк
За кандидатите за ректор ќе се одлучува на 10 јуни
Камионите со сомнителната пратка и натаму на Блаце
Претставување на 1.000 жени-активисти во „Мала станица“
Турската бања во Битола пропаѓа, државата не инвестира
Македонија и Израел се договорија за безбедносна соработка
Мариово е неистражено археолошко наоѓалиште