Претставување на 1.000 жени-активисти во „Мала станица“
Во Националната галерија на Македонија - „Мала станица“ утре во 20,30 часот ќе се отвори уметничка изложба и претставување на интернационалната платформа „1.000 жени-активисти за мир во светот - Македонија“. Овој проект ја промовира и ја нагласува улогата на 1.000 значајни жени-активисти од целиот свет во развојот и одржувањето на мировните процеси на локално и на светско ниво. Проектот е инициран од две швајцарски уметници, кои заедно со другите активистки ќе бидат присутни на отворањето на изложбата која ќе трае неколку дена. Тоа се жени кои се залагале за човекови права, за права на жената, во некои антидискриминаторни движења и се препознатливи во средината во која живеат. Единствен претставник од Македонија е Ермира Мехмети. (В.Д.) |