Број 3038  петок, 17 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Во Италија се лее Aлександар Mакедонски

И покрај рецесијата, македонскиот војсководец, четирите лава и пет споменици се леат во Италија

Деспина Трајковска

Рецесијата ,дефинитивно, го запре леењето на десетина споменици предвидени да се постават во центарот на градот. Подобри финансиски времиња за да се изработат ќе чекаат спомен-обележјата на Јустинијан Први, свети Кирил и Методиј, свети Климент и Наум, спомен-обележјето на Карпош и на гемиџиите. Сепак, актуелната економската криза не ја стопираше изработката на споменикот на Александар Македонски, четирите лава што ќе го красат мостот „Гоце Делчев“, коњаничките скулптури на Гоце Делчев и Даме Груев, а во тек е и изработката на спомен-обележјата на цар Самуил, Методија Андонов-Ченто и бронзената скулптура на Никола Карев.

Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на Општина Центар, тврди дека освен овие споменици, Општината во двете избрани италијански леарници не нарачала изработка на останатите предвидени десетина спомен-обележја. Нивното леење е ставено на „стенд бај“, најверојатно, се' до излезот од актуелната економска криза.

„Кризата нормално дека влијае и на овој проект. За споменикот на Александар Македонски, лавовите и уште пет споменици имаме дадено аванс а обезбедени се и парите за целосна нивна исплата откако ќе бидат готови. Тоа значи дека нема причина нивната изработка да доцни“, вели Тодоровиќ без да прецизира до каде е изработката на спомениците и кога може да се очекува нивно поставување. Вели неблагодарно е да лицитира со термини, но, сепак, очекува фонтаната на која ќе се постави Александар Македонски качен на коњ да почне да се гради на 1 октомври. Дали ќе се исполнат овие предвидувања, пред се', зависи од дислокацијата на подземните инсталации изградени во времето на Ристо П��нов за потребите на фонтана во форма на обелиск, проект кој поради финансиски причини беше прекинат од ексградоначалникот Трифун Костовски. Тодоровиќ смета оти изградбата на фонтаната, работа која му е доверена на „Бетон“, ќе започне 15 дена откако ќе заврши дислокацијата. За неа, пак, е одговорен Градот Скопје.

„Фирмата ’Вардар градба‘ е избрана за предвидените активности. Кога ќе почне дислокацијата и колку ќе трае немаме информација. Исто така, не можам да потврдам дали постојните инсталации ќе се дислоцираат и ќе бидат во функција на планираната фонтана со споменикот или, пак, целосно ќе се отстранат“, изјави вчера Неделчо Крстевски од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски.

Неодамна, пак, од Општина Центар рекоа оти, најверојатно, се' што било изградено за потребите на фонтаната на Пенов, ќе треба да се уништи и практично „ќе паднат во вода 200 илјади евра колку што беа потрошени за изградба на подземната машинска работилница, резервоарот за вода, двете простории наменети за електрика и за други придружни елементи.


Статијата е прочитана 2891 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 17.07.2009 00:31:38
Se dozna li kade i koga bil objaven konkursot za ovoj spomenik, koi bile drugite konkuenti, koga i vokj sostav se sostanala komisijata? Gradonacalnikot ne saka da licitira so termini za izgradbata? A kako imase termin za dvospratnite avtobusi?
Од: Goce
Датум: 17.07.2009 01:03:35
Samo napred! Bez razlika na se, mora da se napravat i da ni go ukrasat gradott. Nemase ova da bide tolkav problem dokolku od 1991g se postavuvaa eden po eden, no sto e - toa e. Bitno da si se postavat i da imame nesto za gordost. Da zivee Makedonija
Од: Сергеј
Датум: 17.07.2009 03:52:27
Со овие свои смешни проекти, Груевски се‘ повеќе заличува на разгалено детиште во чие семејство нема ни за леб, а тоа плаче за чоколадо! Треба некој да му ги истегне ушите. ( http://www.otpor.net.tf )
Од: biznisman-monaco
Датум: 17.07.2009 07:19:35
Dogovor si e dogovor. I treba da se pochituva... A i ne e losho da i makedonija se gordee so nejzinata istorija.
Од: Ајван Доктор
Датум: 17.07.2009 08:20:07
Заслугите на бладата за визна либерализација, секако допринесува за височините на Кичфигурините, кои треба да ги величаат достигнувањата на Соцреалистичкиот капиталистички систем на другарот Сталин! Оооо мегалос Сталин, пардон... Аце!
Од: Синаитски
Датум: 17.07.2009 09:04:50
Смешно и трагично - во земjа коjашто нема еден авион исправен за летање. Па што? Напред кон античката иднина!
Од: St.Aleksandar
Датум: 17.07.2009 09:35:24
Ajde Aleksandare kralu nas te cekame, neka puknat dusmanite!!!!!!!!!!
Од: od Bobby
Датум: 17.07.2009 09:48:14
Poarno Spomenici nego da gi kradat sete finansi kako komunjarite sto pravea za vremeto koga bea na Vlast bravo Grujo nesto pametno si izrabotil.
Од: pero
Датум: 17.07.2009 10:16:53
Ќе стои гордо исправен пред Врадарот полн лајна.
Од: Aleksandar
Датум: 17.07.2009 10:29:05
Aleksandar Kral nas Makedonski so netrpenie te cekame! da zivee Makedonija
Од: Stradalnik
Датум: 17.07.2009 10:49:48
Neznam sto treba da se sluci za da se utvrdi deka navistina vo ova vreme koga najgolem problem e nevrabotenosta, vladata ke trosi tolku pari za nesto bez koe i ponatamu mozeme. Podobro e tie sredstva da se namenat za samovrabotuvanje ili da im se dadat na rabotodavacite da vrabotat odreden broj lica pod odredeni uslovi, vaka samo se trosat narodni pari za nenamenski celi.
Од: d.p.
Датум: 17.07.2009 12:16:54
kako ne mu e sram na ovoj Todorovic da promovira patriotizam...a ide i si uziva vo Solun na shopping!!!!!!!!
Од: trajce
Датум: 17.07.2009 12:24:07
Дали Грујо (откако ќе го потпише договорот за промена на името) ќе го тргне петмилионскиот Аце во некој заборавен подрум ?
Од: jon
Датум: 17.07.2009 12:55:44
Makedonija mora da ima Spomenik na Alexander, ima spomenici nez cel svet od Alexander,zoshto da nema vo rodnata zemja na ovoj kral. Do koga Makedonecot ke se plashi vo svojata zemja. MAKEDONIZMOT NAD SVE!
Од: veles
Датум: 17.07.2009 14:07:48
Podzemnata masinska rabotilnica i rezervoarot za voda mozat da se dadat na nekoja druga opstina vo Mk i tamu da se izgradi fontana, nee samo Skopje...
Од: potomak na Aleksandar Makedonski
Датум: 17.07.2009 14:57:24
Aleksandar kralot Makedonski go osvoil cel svet.Mora da mu se oddolzime i da ne potsetuva idninata da ja gradime na slavnata nasa istorija.Makedonija e vecna akralot nas edinstven za site vreminja na zemjinata topka.
Од: k
Датум: 17.07.2009 15:21:32
Na tatko mu parite se,so koe pravo se rasfrla so nasite pari za navodno potiknuvanje na kvazi patriotizmot. Momentalnava situacija definitivno ne ni dozvoluva da si igrame so parite koji ni se preku potrebni.Ke se osvestite li deka vo Makedonija vladee SIROMASTIJA, se nadevam deka za ovoj vas basibizluk koga togas debelo ke odgovarate samo se prasuvam koja matna ke ja fatite i koja ke bide vasata rerzervna tatkovina togas???
Од: Prvo Samuil, a Aleksandar setne
Датум: 17.07.2009 15:47:09
Vo 2014 g. ke navrsat 1000(milenium) godini od edna od najgroznite bitki vo istorijata na svetot,koja se slucila vo Makedonija pod Belasica, koga se oslepeni 14.000 Samuilovi vojnici, nasi pra pra pra pra pra pra pra pradedovci. Da se slavi Aleksandar bez prioritetnost na Samuila e krivicno delo.Zatoa pod Belasica do 2014 vo prostran park da se podigne voen hram posveten na taa bitka. Hramot da e mesto za istoriski adzilak i voshituvanje i za unovcuvanje od turisti od siot svet.
Од: Vistinski Makedonec
Датум: 17.07.2009 16:45:56
Sramota e kic da se stavi vo centarot na gradot ! Toa go nema vo nikoja drzava ! Neli e sramota namesteni tenderi za skulpturi da ima, Narodot nema leb da jade a oni skulpturi od golemi dimenzii isto kako vo vremeto na lenin i stalin , Dali makedonija e vo robovladetelsko opsestvo ili e vo feudalno dali e ova diktatura i perenje mozoci po sekoja cena . Aleksandar na konj e veke videno ! Go imaat istiot Grcite na poveke mesta ! Linjeto na konjot e perenje pari ne sme nie mali deca da ne lazat ! Moze mnogu da zboruvam na taa tema no ke kazam samo GLUPOSTI - Boze prosti im!
Од: nekoj
Датум: 17.07.2009 17:08:42
koga ke otvoram vakva statija i koga ke vidam kakvi budaletinki komentiraat..no za sreka se se pomalku i pomalku. Koga ne ste se dokazale na nikoj plan vo istorijata na vaseto postoenje i zaostanuvate vo sekoj pogled zad drugite Evropski zemji, ne ostanuva nisto drugo osven da kradete tuga istorija.
Од: moby_animal dr.
Датум: 17.07.2009 17:11:50
zaslugata za viznata liberalizacija mozeme da ja prepiseme na postenite pecalbari od makedonija vo evropskite zemli ! ne na nekoi aramii vo vladata, ne kazam sa svite ,ima i posteni rabotlivi,ali prvo narodot ima zasluga so svojata strajnost od mnogute predizvici vo minatotodo dendenes,so pocit..
Од: Mile
Датум: 17.07.2009 18:03:13
Kakva vrska ima deneska Republika Makeodnija so anticka Makedonija? Sto imame nie so Aleksandar Veliki? Raka na srce, vrska so nego nemaat ni Grcite, ta popusto se karame so niv kako mali deca okolu nesto sto e poprvo nicie otkolku Grcko ili Makedonsko vo moderna smisla na zborot. Ovoj spomenik ne ni treba.

Најди! во Утрински
Скопје
Се чисти вегетацијата во Вардар
Камен мост доби ново осветлување
На Бит-пазар од автобуска постојка диво се прави дуќан
Се гради фекална канализација во Љубанци