Се чисти вегетацијата во Вардар
Екипи од повеќе јавни претпријатија на Градот Скопје деновиве го чистат минор-коритото на левиот брег на реката Вардар, меѓу Камениот мост и мостот „Гоце Делчев“. Најбројни се работниците од „Улици и патишта“, вкупно 40. На овој потег, екипите на „Паркови и зеленило“ исекоа пет тополи во мајор-коритото на реката во непосредна близина на Камениот мост, а целосно е искосена и собрана тревата на потегот од мостот „Близнак“ до Железничка станица. Се работи и во делот од Комплекс банки до Фондот за пензиско осигурување во Острово, каде што се ангажирани околу 40 работници. Мајор-коритото на Вардар, пак, од густата вегетација, го чистат 23 работници, ангажирани од „Комунална хигиена“. (С.Н.)
|