Број 2788  вторник, 16 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

За да купи 102 двокатни автобуса на Владата и' се потребни 40 милиони евра!

Фирмата „Денис“ од САД еден двокатен автобус на пазарот го продава за 400 илјади евра

Снежана Калабакова

Откако Владата се реши да партиципира во осовременувањето на јавниот градски превоз, во јавноста се отворија бројни прашања. Најпрвин колку плус средства ќе издвои од првичните 4,4 милиони евра за да се купат нови 102 двокатни автобуса. Од Министерството за транспорт и врски велат дека ако треба ќе се издвојат уште пари од буџетите за оваа и идната година, но не излегуваат со точна бројка за колку народни пари станува збор. Затоа и се отворија шпекулации дека Владата има намера да купи стари автобуси од типот на лондонските двокатни автобуси и дека можеби веќе однапред е направена зделка со некоја фирма-производител.

Позната фирма „Денис“ од САД, еден двокатен автобус на пазарот го нуди по цена од 400 илјади евра, што значи дека со 4,4 милиони евра можат да се купат 11 вакви автобуси. Доколку се планира купување на нови 102 двокатни автобуса, како што стои во тендерот на Министерството за транспорт и врски, би требало да се издвојат десет пати повеќе средства, односно над 40 милиони евра. Ова го потврдија и домашните сообраќајни експерти кои, меѓу другото, велат дека двокатни автобуси се произведуваат во Шведска и во Америка. Еден нов „обичен“ американски автобус чини од 130 до 250 илјади евра. Станува збор за климатизирано возило со автоматски менувач, дизел-мотор и рампа за хендикепирани лица, значи, возило со сите перформанси што беа побарани на тендерот на Владата.

„Моите сознанија се дека најскапиот автобус на американската фирма ’Денис‘ чини 250 илјади евра, колку и еден наш со сите врвни перформанси. Цената расте со зголемувањето на перформансите на возилото, како на пример дали тоа има автоматски менувач или клима-уред. Се' зависи од желбите на оној што го нарачува. Можеби Владата прави добар потег, но се поставува прашањето дали треба да се развива домашната или странската индустрија, или можеби станува збор за однапред склучена зделка!? А, ’Санос‘ има подготвена проектна документација за производство на двокатни автобуси, доколку тоа се побара од нас “, вели Славе Распашковски, директо�� на скопски „Санос“.

Домашните сообраќајни експерти уверуваат дека моделите на единечните автобуси, кои ги користи ЈСП „Скопје“, сега чинат 150 илјади евра, додека зглобните , кои имаат двојно поголем капацитет, чинат 180 илјади евра. Реално, со 4,4 милиони евра, за кои се знае дека ги одобри Владата, може да се купат околу триесетина обични, или само 25 зглобни автобуси. Математиката вели дека се потребни многу повеќе пари за купување на 102 двокатни автобуса.


Статијата е прочитана 1474 пати.

Испрати коментар

Од: igor
Датум: 16.09.2008 00:38:08
Zasto tie avtobusi ne se pravat vo makedonski fabriki??? Ne ja razbiram ovaa politika da ne se stimulira makedonskoto proizvodstvo... Grcija kupuva tenkovi od Rusija ali so uslov tie da se sklopuvaat vo Grcka. Zasto makedonskata vlada ne pravi taka???
Од: trpe
Датум: 16.09.2008 00:44:17
Prvo makedonskite proizvodi,potoa stranski.Aku Sanos garantira zosto da ne.Mislam dokolku sopstvenikot na makedonskata kompanija sedne i pregovara so makedonskata vlada deka ke dojdat do zaednicki dogovor.Ovaa vlada e transparentna i pred se misli na makedonskoto stopanstvo(citaj ja vladinata programa a ne so dopisuvajne preku antivladini vesnici.Dokolku prodolzis ke smetamedeka nemas kapacitet ova stogo zboruvas da go9napravis i deka istoto go pravis samo za da rabotis matni zdelki!
Од: ruski
Датум: 16.09.2008 01:03:00
abe ajde pa vie makedonski avtobusi.pa stranskite se podobri plus pogolemi provizii davaat
Од: gogo
Датум: 16.09.2008 07:32:49
Купувајте македонски производи
Од: Пинг
Датум: 16.09.2008 07:56:45
Најпрво за коментарите: Пазарот си е пазар, тој не признава “домашни“, “странски“ или “полудомашни“ производи. Покрај тоа, според Законот за Јавните набавки, за вредноста на посочените автобуси МОРА да се оди на меѓународен тендер. Изјавата на Г-дин Распашковски, доколку е изворно пренесена, воопшто не ја разбирам: “А, ’Санос‘ има подготвена проектна документација за производство на двокатни автобуси, доколку тоа се побара од нас “. Како тоа “некој“ да бара од “Санос“? Зарем Отворениот повик не е барање? Отворениот повик е ОТВОРЕН за сите. Тендерот го добива НАЈПОВОЛНАТА ПОНУДА. А, тоа дали давоспратните автобуси чинат 400.000 евра или 200.000 евра, ќе го каже пазарот. Многу по важно е за СКОПЈЕ и неговите граѓани, што ќе добијат со двоспратните автобуси, а што би добиле со “обичните“ единечни или зглобни автобуси. За тоа, за жал, не се отвори расправа, иако, сметам дека ТОА е многу важно. Поздрав до сите Ваши и наши.
Од: zoki
Датум: 16.09.2008 08:43:15
Veke e dogovoreno se. Nekoj ke se ofajdi, kako inaku presmetaa deka im se potrebni tokmu 102 avtobusi, zosto ne se na primer 100, i zosto bas dvospratni, koga drugite se daleku poevtini. Neka ne ne potcenuvaat, imame nie dobra memorija
Од: MAEVEC
Датум: 16.09.2008 10:37:52
Pruzi gi nozete kolku ti e dolga cergata: vo zemjite na EEZ postojat polovni avtobusi(so klima uredi) vo odlicna sostojba i koi mozat da se kupat i za pomali sredstva od planiranite.Tie avtobusi ,so uredno servisiranje, ce mozat da opsluzuvaat uste 7-8 godini.
Од: Kristijan
Датум: 16.09.2008 12:15:18
Jas samo se nadevam deka NEKOGAS Skopje kje dobie dostoinstven avtobuski prevoz, na koj nema da se ceka po 20 i povekje minuti, kade kje te siba promaja od site strani vo zima, i kade kje bideme kako svinji vo leto. Pa kakvi sakaat neka bidat i kolku sakaat neka cinat, samo donesete gi vekje ednas i pustete gi. Pa majku mu stara nie se vozime vo niv, nitu vladata, nitu premierot nitu Gradonacalnikot nitu Precedatelot.
Од: Ljube
Датум: 16.09.2008 15:46:43
Kupuvajte Avtobusi od Stranstvo!!!! Nasata Fabrika (SANOS) e za ukras!!! Bravo??? za sramota!!!!!
Од: Marija
Датум: 16.09.2008 16:10:49
A so zakonot za javni nabavki, Dogovorniot organ - t.e. Ministerstvoto za transport i vrski, odnosno JSP Skopje mora da objavi kolku pari predviduva a da ne kazam deka mora i vo Planot za javni nabavki usvoen od Vladata prethodnata godina, da predvidi pari i vreme za objavuvanje. KOJ go krsi Zakonot?! E posle sledi- se ostanato, odnosno ovaa rabota so avtobusive, nema vrska, tipicen dokaz deka sednale, razgovarale, ama ne razmislile, i aj ke pravime nesto bombasticno - 102 avtobusi eeeej!!! Koj ti mislel za makedonski proizvodi i slicno - nemat vreme za to - tenderot vrvi.
Од: киреијас
Датум: 16.09.2008 17:31:38
Да се набават 100 двокатни автобуси е ноторна глупост. Или никој појма нема од сообраќај во владата, или се фура однапред замислен концепт без одстапки. За да се движат и одржуваат тие автобуси треба целокупните капацитети сообраќајни и работилници да се реконструираат зошто едноставно не ги СОБИРА. Нема да можат да поминуваат на најмалку 40% од фрекфентните раскрсници и нема да можат да влезат во ни една работилница за одржување на ЈСП.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Нов режим на возење кај Момин Поток
Место вода, од фонтаната „претекува“ ѓубре!
Бесплатни курсеви за компјутери во Карпош
Проектот „Зелени училишта“ ќе ги учи децата да го селектираат отпадот