Број 3077  четврток, 03 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Скопје

Никој не сака да гради комплекс згради

Никој не е заинтересиран да изгради комплекс од 14 станбени згради во населбата Лисиче, зад бензинската пумпа на „Макпетрол“. Иако Министерството за транспорт и врски неодамна даде на продажба државно земјиште наменето за изградба на комплексот, на меѓународниот јавен повик не се пријави ниту една компанија. Така, вчера не се одржа закажаното јавно наддавање. Од ресорното министерство информираат дека согласно со законските процедури, наскоро тендерот за продажба на државното земјиште повторно ќе биде објавен. Дали под истите услови, допрва ќе се утврдува. На првиот неуспешен повик, еден од главните критериуми за учество беше 14-те згради да ги изгради еден инвеститор. Вкупната површина на предметната парцела изнесува 22.180 квадратни метри, а почетната цена на еден квадрат изнесуваше 4.200 денари. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 982 пати.

Испрати коментар

Од: gledac
Датум: 03.09.2009 08:24:58
Рамномерен регионален развој! Полицентричност! Развој на другите градови и села во РМ! Сите овие формулации ги има во документите кои ги усвоила Државава. И повторно се се случува во Скопје. И повторно безанализа: демографска, економска, социолошка ...
Од: Aerodrom
Датум: 03.09.2009 09:55:19
Abe samo mene ova nesto mi smrdi...Da ne e povtorno nameshtaljka od gradeznata mafija, demek nema zainteresirani pa da se zeme na povtorno naddavanje po poniska cena. Drugite zainteresirani "dobrovolno" se otkazale, itn.
Од: Klinton
Датум: 03.09.2009 11:09:49
Koga vladata moze da organizira igradba na stadionot, na sali ni cela MK, spomenici i slicni luksuzi, zoshto ne organizira i izgradba na stanovi. Zosta mora da se baraat drugi firmi ?

Најди! во Утрински
Скопје
Има недостиг од нови градинки, општинит�� немаат пари да градат
Општина Карпош ќе продава стари возила за да купи нови
Тони Трајковски даде отчет за сработеното