Тони Трајковски даде отчет за сработеното
Донесени неколку детални урбанистички планови и подготвени нови, доизградба на фекалната канализација од Инџиково кон Хиподром, изградба на неколку водоснабдителни системи, одржување на хигиената и ново улично осветление, се дел од реализираните проекти што ги наброја градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, на вчерашниот отчет. Тој рече дека со несмален интензитет ја продолжил грижата за санација на училиштата, за чистење на каналите и уредување на кејот на Вардар. (Сн.К.)
|