Поради дрога во Бразил уапсени Македонци
БразилиJа - Македонски државјани, кои биле дел од шестчлена група од Балканот, уапсени се во Бразил поради трговија со кокаин. Во групата што ја уапсила бразилската полиција имало и Хрвати, Црногорци и Бугари, кои се обиделе да прошверцуваат 20 килограми кокаин во Европа. Како што јавуваат бугарските медиуми, групата била уапсена во бразилската држава Рио Гранде до Сул, во ��уќа што ја користеле како база. (МИА) |