Крадец нападна жена со пластичен пиштол
КУМАНОВО – Седумдесет и четиригодишната Метија Мемеди била на��адната во својата куќа во Куманово од страна на непознато лице, кое заканувајќи и' се со пиштол, барало да му ги даде сите заштедени пари.
Ограбувачот при нападот и' ги скршил забите и и' нанел повреди по главата. Немоќната жена кренала силна врева, повикувајќи ги соседите на помош, по што насилникот избегал од местото на инцидентот. Набргу од страна на соседите се воспоставило дека насилникот се заканувал со лажен пластичен пиштол, бидејќи во еден момент „оружјето“ му испаднало од рацете и останало на подот. (Ст.Б.) |