Број 2728  петок, 04 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Бура по предлозите на Моника Маковеј

Советничката предлага проширување на делата за кои ќе се користат прислушување и конфискација на имот

Гордана Дувњак

Широка палета на кривични дела за кои ќе се употребува прислушување, но и другите истражни мерки. Воведување ново кривично дело неосновано богатење. Проширување на конфискацијата без да се докажува конкретното кривично дело, туку со самиот факт што некој не може да го докаже потеклото на имотот, тоа да се смета како криминал стекнат со корупција, па дури оваа одредба да има ретроактивно дејство.

Овие и други предлози на владината советничка, поранешната романска обвинителка Моника Маковеј, предизвикаа бурни реакции во стручните кругови, но и во невладиниот сектор. Тие сметаат дека ваквите решенија, кои се планираат во измените на Законот за кривична постапка и во Законот за следење на комуникации, се крајно опасни и ги загрозуваат човековите права и слободи.

Предлозите на Маковеј, обвинуваат кривичарите и претставниците на работната група што работела на измените, водат кон полициска држава. За плановите на владата да донесе ваква регулатива се алармирани и Мисијата на ОБСЕ и Европската комисија.

Министерот за правда, Михајло Маневски, тврди дека нема потреба од ваква возбуда и советув�� да не се дочекуваат на нож идеите на Маковеј, бидејќи станува збор за реномиран експерт со богато искуство. Тој вели дека околу овие прашања ќе биде отворена широка дебата и ќе бидат слушнати и мислења од други експерти.

„Добро е да се слушнат најразлични мислења, зашто измените ќе се носат во две фази и ќе има доволно време да се изнајдат најдобрите решенија. Не е само Маковеј таа што ни помага во законската регулатива, туку се консултираме и со експерти од Германија, од Хрватска“, вели во изјавата за „Утрински весник“ Маневски.


За експертите се неприфатливи предлозите на Моника Маковеј

Професорот на Правниот факултет, д-р Гордан Калајџиев, кој е претседател на работната група што работи на измени на кривичното законодавство, во интервју за „Дневник“, предлозите на Маковеј ги оцени како опасни за човековите права. „Борбата против корупцијата, наместо во правна, ќе не' одведе во полициска држава“, оценува професорот. Тој додава: „Ако цената за Македонија без корупција е Македонија без човекови права и слободи – не, благодарам“. Калајџиев смета дека идеите на Маковеј се опасни за демократијата и за европската перспектива на Македонија. Тој има големи забелешки и во поглед на одземањето на имотот без докажана вина, зашто такво нешто не може да си дозволи една сериозна држава.

Слично размислува и неговиот колега д-р Никола Тупанчевски, професор по кривично право, кој е дециден дека не може да се предлага регулатива која никаде не се применува во светот и се коси со основните права и слободи. Според неговото мислење, преформулирање треба да претрпи и инкриминацијата за „незаконско збогатување“.

Тој вели дека треба да се биде крајно внимателен во предлагањето решенија, кои треба да бидат екстремно прецизни, бидејќи станува збор за хиперсензибилна сфера.

„Правото на приватност не случајно е едно од фундаменталните човекови права, загарантирано со меѓународните и националните норми. А тоа не е случајно од причина што директно е поврзано со интегритетот на личноста“, потенцира и народниот правобранител Иџет Мемети.

Тој вели дека текстот на законот како институција не го добиле. Сепак, нагласува дека законските решенија со кои се предлага ограничување на оваа чувствителна сфера мора да се јасни, прецизни и недвосмислени, со цел до максимум да се обезбеди заштита од секаков вид злоупотреби, како и цврста контрола на нивната примена. Омбудсманот укажува и на фактот дека кај нас се мешаат превентивата и кривичната постапка. Со други зборови, подвлекува Мемети, не може превентивата да биде предмет на Законот за кривична постапка, зашто тоа е во доменот на други закони и работа на МВР.

Во дописот, пак, потпишан од повеќе невладини организации на чело со ФИООМ, се вели дека со изненадување и загриженост е примена веста дека по предлог на г-ѓа Моника Маковеј, без каква било стручна расправа во владина и собраниска процедура, пуштени се предлозите на два значајни закона.

„Со ваквиот предлог не само што се проширува примената на специјалните истражни мерки за дела кои не се од сферата на организираниот криминал, туку се предвидува тие нашироко да се применуваат и превентивно, а не само во случаи каде што има основани сомневања за тежок криминал и корупција“, се вели во реакцијата на НВО-секторот.

Тој потсетува дека ваквите предлози не се во согласност со европските и светските стандарди за почитување на човековите права и слободи, ниту се вообичаени како прифатлив метод во борбата против криминалот и корупцијата. (Г.Д.)


#
Статијата е прочитана 3514 пати.

Испрати коментар

Од: mihail
Датум: 04.07.2008 01:15:13
So predlozite na Makovej im se zagrozuvale coveckite prava i slobodi?!..Bas bi sakal da im gi zagrozam coveckite prava na kriminalcite koi imaat golemi kuki i skapi koli ,i dodeka jas plakam danok tie ne platile ni denar..!!Bas bi sakal tie sto se bogatea ovie 15 godini da lezat vo zatvor i nivnite kuki i koli i bankovni smetki da pripadnat na drzavata koja ke gi prodade na licitacija.Ovaa merka bi bila mal nadomest na golemite pari koi bea zagubeni so nepravedna privatizacija.Vakvite kriminalci bi trebalo da se stavat vo dve grupi..:onie so plesen kriminal samo bi trebalo da go platat danokot na drzavata sto ne go platile ovie 15 godini..I vtorata tesko kriminalna grupa:.celozno da se zapleni siot imot i da si lezat vo zatvor ,plus paricna kazna i plakanje na zaostanat danok.Taka e vo Amerika i vo Evropa.Moras da umres ,no predtoa moras da gi platis smetkite.!
Од: zakon
Датум: 04.07.2008 01:46:55
profesori od praven i nvo davaat komentari?!!!!!! pa mnogu dobro se znae zosto se protiv vakov zakon...
Од: Advokat Ljupco Andonovski
Датум: 04.07.2008 03:17:15
Cudno e sto branitelite na covekovite prava se javuvat tokmu sega, koga eden potvrden evropski strucnjak predlaga site nezakoniti i steknuvanja bez osnov ,so razni koruptivni i kriminogeni elementi da bidat sankcionirani, so postignuvanje materjalen i realen efekt. Ovie t.n. zaloznici za zastita na covekovite prava se javuvat tokmu koga nekoj prevzema inicijativa i predlaga konkretni i efikasni merki koi nesporno ke donesat, za prv pat pravedni rezultati. Ke gi prasam site t.n. zaloznici za covekovite prava, pava na onie koi brutalno go odzele drzavniot imot i imotot na obicnite gragjani, a koj se steknuval so stotici godini, kade bea izminatite 20-tina godini koga ovoj imot se prvzemase so nadoknada koja se sostoese od eden obicen potpis, izrazen glas ili so socinuvanje na nekoja odluka ili drug administrativen dokument. Paricna nadoknada za noviot imot ne se davase. Dovolna bese samo prosta zelba i prijatel vo parlamentot, vladata ili organ na drvanata administracija.
Од: tripun karapetrov
Датум: 04.07.2008 03:37:00
Predlog zakonot na g-ga Makovej e soodveten na potrebite,sostojbite i odnosite vo drzavava.Gi zagrozuvat pravata na kriminalcite i gi stitat pravata na cesnite.
Од: Daniel
Датум: 04.07.2008 05:14:37
Taka e "Mihail".Odlicen komentar.Ne treba nikakov kompromis vo borbata so kriminalot-narocito organiziraniot.Smetam deka najnegatorski prema ovie predlozi na Monika Makovej se onie na"koi im zezi pod noze".Da se nadevame deka na site ke im dojde krajot.Kako moze so prosecna plata od 250 evra nekoi"batkovci"da imaat imoti vredni milioni evra.Megjutoa privatizacijata i korupcijata blagoslovena od togasnata SDSM si go stori svoeto.Site banditi MORA da se kaznat i da im se konfiskuvaat imotite!!!
Од: Petre
Датум: 04.07.2008 07:35:50
ne samo sto nemaat poteklo, tuku vo Makedonija ogromen broj na nedviznini ne se prijaveni za odanecuvanje...posebno von Skopje, a mozam da zamislam kako e vo zapadna Makedonija, pa i istocna.. eve na primer i Ohrid e leglo na gradeznata mafija i zatajuvanje na danokot...no nikoj nisto ne prevzema..ostanuva tie sto se posteni da plakaat za site
Од: jovan
Датум: 04.07.2008 08:12:33
Ne se sekirajte i da go vovedat ovoj Zakon sigurno ke se primenuva na nekoj siten svercer od nekoe Strumicko selo za koj mnogu brzo ke "dokazat" deka kolata koja ja kupil na staro od Bugarija e steknata so "kradenje". Onie so golemite kuki i privatiziranite fabriki nema nikoj da gi pipne, i nivnite "covekovi prava" so sigurnost ke im bidat garantirani. Neka vlezat vo Kratovo i neka izvrsat revizija (da gi vidam, sto bi rekol Toso Malerot). Ne se mnogu mnogu potresuvajte po ova prasanje se e odnapred sredeno, dzabe ke bidat i komentari.
Од: gv
Датум: 04.07.2008 08:24:01
Lele, le-le - sega ke ja videite celata oligarhiska "masinerija" vo Makedonija, od profesorski kadri, preku novinari i mediumi, pa se do nevladini organizacii. Ne veruvam eksperti od EU i Monika Makovej mozat da donesat resenija sto ke ja pretvorat zemjava vo policiska. Totalno sprotivno na nivnite principi i ubeduvanja.
Од: Atanasija
Датум: 04.07.2008 09:04:53
Znaci li ova deka strucnjacite od Pravniot fakultet i nevladinite eksperti za nezakonsko zbogatuvanje se protiv stavanjeto red ,vo pocituvanjeto na trudot i steknatoto so trud?izgleda,nim koi prethodno izgotvuvale zakoni i ja nosele vodata na svojata vodenica,im preci nekoj sto ima pravo -a toa e onaa vlast koja treba da im pogledne vo finansiite.Zosto nekoi se iskljucivi vo svoeto mislenje?Zosto tie nekoi smetaat deka ona sto go resile e najpravilnoto,i deka ne e podlozno na korekcija?Narodot siromasen,a palati se gradat.Narodot e onoj koj,kako sto peese Racin, kuka ne si izgradi za sebe,no tugji palati podiga.I,zosto se stava sopka na predlogot da se preispita potekloto na nekoi novi palati,i natamu hoteli,fabriki.Zosto sekogas nekoj se stava nad zakonot,a povikuva na pravna drzava.So koja 'policiska drzava" ne plasat.Ova ne e za policija,ova e rabota na sud,znaci na pravna drzava na koja strucnite i nestrucnite lica se povikuvaat.
Од: goran
Датум: 04.07.2008 09:18:12
odlicen predlog ..
Од: Stojkovski
Датум: 04.07.2008 09:22:22
Se soglasuvam so Mihail deka tie oligarsi treba da odgovaraat, ama i Gruevski da kaze od kade mu se pari za cetiri stana, Stavrevski da kaze kako kupil stan vo Vasington ako se zeme vo predvid deka i dvajcata rabotele prethodno vo drzavna administracija a tamu znaeme kolkavi se platite. Znaci bitkata da bide beskompromisna, izdrzana i dokazana
Од: maja
Датум: 04.07.2008 09:48:18
Konecno nekoj da dade pameten predlog za eden zakon.Mozebi e malku docna.Nasite Al Capone i Padrinos ,mozebi nasle vo zakonite so dupki nacin da go legaliziraat steknatoto ili da prefrlat golem del od kapitalot vo Kiparski i drugi banki na tajni smetki.Ke najdat i veke pokojni dedovci i babi strini i tetki od koj nasledile raboti .Daj boze da se ova realizira .Ne za da pak site bideme isti ,tuku za da se vrati custvoto deka sme site gragani od prv red ,ne samo na hartija ,tuku i vo praksa.
Од: Goran
Датум: 04.07.2008 10:50:10
da se konfiskuva, i preslusuva i apsi bez dokazi i bez dozvola od sud? nekoj spomna deka prvo nema da gi pipnat tie so kukjite i kolite i toa e tocno. a vtoro e deka sekoja vlast ke si go koristi kako instrument za zaplasuvanje pod izgovor deka vodi borba so korupcijata i ke mozat ako sakaat da gi apsat site sto im smetaat. i posle vo makedonija imalo demokratija...
Од: devicanecot
Датум: 04.07.2008 12:38:02
E bogatite se mnogu interesni lugje. Ako nekoj tepa kucinja skitnici, gi zagrozuva pravata na zivotnite. A ako nekoj steknal neosnovano bogatstvo, i toa normalno na necija steta ili na drzavata ili na grbot na nekoj gragjanin, ako toa mu se odzeme, mu se narusuvaat negovite covekovi prava. Ajde bogati? Koi prava? Pravoto na kradenje, uzurpiranje, neplacanje na danoci? Pa kade toa go ima vo svetot?
Од: Makedonec
Датум: 04.07.2008 12:43:46
A taman mislev deka g-dja Makovej ja nema nigde?Bravo za predlozite (neka ne se sekiraat vmrovcite - i niv ke gi zakaci) samo treba da se soodvetno primenat vo praksa.
Од: kole
Датум: 04.07.2008 13:11:03
Odlicen predlog, pogovorkata veli deka ribata prvo od glavata smrdi a se cisti od opaskata, ajde sega neka bide obratno... neka se pocne so stanovite od Premierot... konfiskacija...bez dokaz za poteklo na parite...
Од: mico
Датум: 04.07.2008 15:06:50
abe ajducista bole dirnaave vo najbolnata tocka pa site ajducista po red se buntuvate protiv ovie resenija a pak zatoa nie sto ne krademe sakame da se donesat i toa retroaktivno da se vide kako se e specaleno so kadenje i da se konsviskuva a ajducite kobajagi strucnaci neka si gi cuvat tie komentari za sebe i neka mislat da dokazat ot kade im je ukraden imotot ane da jadat gomna za nekakvi prava zasto tie koga go kradea narodot ne kazuvaa deka i toj ima covecki prava i da ne go kradat i da skita po ulica bez rabota i parce lep pa sega malku ajducite golemi strucnaci vo zatvor

Најди! во Утрински
На прво место
Црвенковски- Писмото на Саркози да не се толкува со крајности
Спорот околу името му штети на Балканот
Во владата влегуваат и ДПА и ДУИ?
Писма до Буш по повод Денот на независноста на САД
Грција одбива разговори за протераните Македонци

"""