Брoj 2728  петок, 04 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Спорот околу името му штети на Балканот

Виена - Грчкиот претседател Каролос Папуљас, кој од денеска се наоѓа во тридневна посета на Австрија, смета дека грчко-македонскиот спор околу името ги оптоварува добрососедските односи и стабилноста на Балканот.

„Тоа не е конфликт со психолошки или сентиментален карактер, туку проблем со политички димензии кој претставува товар за добрососедските односи и условите за стабилност во кршливиот регион на Балканот“, истакна Папуљас во интервју за виенскиот весник „Стандард“.

Тој потенцира дека Грција во повеќе наврати истакнала дека целта е да се пронајде заедничко и трајно решение за спорот.

„Станува збор за решение кое би го носело печатот на Советот за безбедност на Обединетите нации и кое треба да биде впишано во Уставот на Поранешна Југословенска Република Македонија. Да се надеваме дека политичкото раководство во Скопје ќе излезе во пресрет на нашиот искрен повик за компромис“, порача Папуљас. 

Во врска со случувањата во Европската унија, Папуљас нагласи дека ирското „не“ на Лисабонскиот договор мора да се почитува. (МИА)


Статијата е прочитана 627 пати.

Испрати коментар

Од: pogled
Датум: 04.07.2008 07:45:48
1. Папуљас го подржува ирското „не“ заради нивното „не“ во Букурешт! Да ја видиме сега ЕУ кое од тие две „не“ повеќе ќе го почитува. 2. Грчкиот проблем со нашето име, очигледно е дека постана и наш проблем и проблем на ЕУ и НАТО. Тој проблем не може да се реши СЕ ДОДЕКА НЕ СЕ ПРИЗНАЕ МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО ВО ГРЦИЈА! 3. Папуљас сака ЗАСЕКОКАШ да и стави тапија на името Македонија. Ние НИКОГАШ тоа не треба да го дозволиме. За среќа, тоа од нас зависи.
Од: realnost
Датум: 04.07.2008 09:57:48
G-dine Papuljas vie grcite go stvorivte problemot so imeto, nikoj drug nemase problem so naseto ustavno ime. Znaci vie grcite ne ste za dobrososedstvo, a ne nie Makedoncite. I prestanete da ja prefrluvate topkata na nasa strana. Vie ste agresorite i organski ne go podnesuvate Makedonskiot narod i po sekoja cel sakate da go unistite, za zal vasa a za sreka nasa toa nema da vi uspee. Jasno mi e kako den zosto Filip Vtori trgnal za da ve sramni so zemja vo bitkata kaj Heronea i vi postavil golem spomenik so Lav. Bil tolku izrevoltiran od vasite navredi prema nego i Makedonskiot narod i sakal da ve nauci edna lekcija. Makedoncite sto gi proteravte imaat dokumenti so tapii i pecati deka imotite se nivni sto gi koristat tugji lugje. A ke stavime uste eden pecat vo ON a toa ke bide pecat za naseto ustavno ime REPUBLIKA MAKEDONIJA,

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Црвенковски- Писмото на Саркози да не се толкува со крајности
Бура по предлозите на Моника Маковеј
Писма до Буш по повод Денот на независноста на САД
Во владата влегуваат и ДПА и ДУИ?
Грција одбива разговори за протераните Македонци