Брoj 2728  петок, 04 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Во владата влегуваат и ДПА и ДУИ?

Груевски ќе има уште една, завршна рунда средби со Али Ахмети и со Мендух Тачи

Светлана Унковска

До понеделник мандатарот Груевски ќе ја донесе и конечната одлука за албанскиот партнер во идната коалициона Влада, а во среда се планира да биде објавен составот и имињата на министрите од новиот владин кабинет, тврдат партиски извори.

По завчерашното продолжување на разговорите со лидерот на ДУИ Али Ахмети, вчера Груевски одржа средби и со првиот човек на ДПА Мендух Тачи. Ваквите информации ги потврди и владиниот портпарол Ивица Боцевски кој најави дека пред конечното обелоденувањето на коалицијата Груевски ќе има уште една, завршна рунда средби со Ахмети, Тачи, како и со лидерот на ПЕИ, Фиат Цаноски. Најверојатно тогаш ќе биде комплетно потпишана и владината програмска платформа, на која според партиски извори недостасува уште парафот на лидерот на ДУИ Ахмети.

Информациите говорат дека се' навестува оти во идниот владин кабинет ќе се најдат двете партии на Албанците, иако и Тачи и Ахмети негираа дека по сето она што се случи на изборите би прифатиле заедничко учество во власта. Изминативе два дена паралелно се одвиваа и консултации на мандатарот и со лидерите на помалите партии од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на кои тој ги информирал партнерите за тоа како се одвивале преговорите со двете релевантни партии од албанскиот блок.

Извори од една од партиите коментираат дека со оглед на стабилното мнозинство што го освои, Груевски во разговорите се однесувал "многу комотно". "Сите карти за составување на Владата се во негови раце и затоа во преговорите со албанскиот партнер тој цврсто стои на своите настојувања за принципиелно спро��едување на владината програмска платформата", велат наши извори.

Последниве неколку дена во кабинетот на Груевски е забележана голема раздвиженост на лидерите на помалите коалиционери кои од час во час, како на лента се менуваат на средби со Груевски. По ваквото интензивирање на средбите и разговорите се остава впечаток дека мандатарот во глобала веќе ја има сликата на идниот владин кабинет и дека веќе се при крај и разговорите за целосна распределба на владиниот колач. На овие разговори ги нема поранешни кадри од НСДП, Лазар Еленовски и Живко Јанкуловски, за кои најверојатно ќе нема место во некои од министерствата.

Инаку, во недостиг на официјални детали од средбите на Груевски со Тачи и Ахмети, кои се водат во најголема тајност, со сигурност се тврди дека веќе е извесно дека тој планира во идната Влада да ги земе и ДУИ и ДПА и дека за нив отстапил пет министерски места. Неофицијално се дознава дека со ДПА веќе било договорено соработката да ја продолжат и во овој владин состав, иако Груевски му бил многу лут на Тачи за изборните инциденти.

Од друга страна, пак, преговорите со Ахмети, се уште се водат со праќање на пораки преку медиуми со цел добивање подобри преговарачки позиции, па така од ДУИ кој со освоениот број пратеници го има Бадентеровото мнозинство, потребно за донесување на клучни закони за кои е потребно двотретинско мнозинство, се заканија дека доколку не се договорат со Груевски ќе го блокираат носењето на законите и дека барањето Ахмети да ја потпише програмската платформа на Владата го условуваат со вградување на Мајскиот договор. Од ВМРО-ДПМНЕ веднаш одговорија дека нема да прифатат никакви условувања и дека горната линија за нив е Уставот и Рамковниот договор, како и тоа дека ќе бараат и од двете партии да се изјаснат околу прашањето за името. Затоа, посочуваат изворите, тој сака да ги види и двете партии во идната влада за на некој начин да ја одбегне можноста било која партија со останување надвор од власта да се радикализира и да ги води состојбите кон федерализација. (Св.У.)


Статијата е прочитана 3129 пати.

Испрати коментар

Од: bosna
Датум: 04.07.2008 01:07:46
za makedoncite e podobar stranec kako grk ili germanec ili pak francuz,odosto bilo koj drug sto zivee vo mkd.luge zosto be taka samo gi mrazete badiava lugeto i gi zagrozuvate covekovi prava zosto da nema albanska partija?oti e musliman?samo taka neka se prodolzi i ke vlezeme vo evropa!!jas ziveam vo germanija i bosnjak sum,pa koga ke go vidam nekoj makedonski da zborue trcam ponego za muabet i ne go prasuem dali si makedonec ili nesi,a vie tuka sto ste od mkd samo se mrazete megu sebe i ke vlezete vo evropa!!covek trebe da se saka ubavo sarkozi rekol ;;sakaj gi grcite;;jas go sakam sekoj covek oti gospod go dal i toj ke go zede a ne jas,zemete si ja edna slika od srbija i netrebe poveke da zboruvate vakvi gluposti kako ovoj Vistinata
Од: Barut
Датум: 04.07.2008 01:15:31
sakan ili ne sakat, i Makedoncite i Albancite, Nova Makedonia ke bide Federalna Drzava.
Од: bb-a
Датум: 04.07.2008 02:48:15
Vo vlada moze i mora samo dui nikako dpa taa e gubitnik.Taa partija ne gi pretstavuva albancite,a ako gruevski pak misli deka bez albancite ili bez dui ili samo so dpa ke pravi vlada treba da znae deka posle taa vlada za albancite vo makedonija ne e validna,pa posle da se pravi vlada .... ama treba da se znae kakva vlada mozebi ke bide ....etnicka vlada na albancite na severozapdniot del
Од: Dok
Датум: 04.07.2008 04:22:03
A be Bosna Komentiraj si ti z aBosna, sakaj gi lugeto nema problem tuku kolku gi sakas ti Srbite gospodine Boshnjak, ostaj makedonija, nie nemame problem so albancite tie imaat problem so nas, kako i grcite sto imaat problem so nas, prvite sakaat teritorija vtorite sakaat imeto srbite sakaat crkvata bugarite sakaat jazikot a za kosovo d ane zboram i ti ni kazuvash da gi sakame lugeto, Sarkozi e najslabiot politicar vo evropa zatoa ostaj go nego
Од: jimmy1
Датум: 04.07.2008 07:14:38
Ama vlada, sostavena so kriminalci, ubijci, teroristi, so bugari, sverceri, uste Bin Laden im fali za da bide komletirana.
Од: prijatel 04.07.2008
Датум: 04.07.2008 08:30:42
Ама влада никој во светот не ја признава ниту пак некоја земја му го честита изборот на Гујо.Но за нашиот народ тоа вопште не е важно, важно е да ВМРО е на власт и Македонија со комити ќе оди во Европа. Нека ви е со среќа многу бргу пк ќе се колнете како 1998 година тогаш сакавте рацете да си ги сечете зошто сте гласале за ВМРО ,сега вероватно и глави ќе сечете но нема кој повеќе да ви помогне.
Од: mene
Датум: 04.07.2008 08:44:38
док, те жалам поради погрешните сфаќања на ситуациите со соседите. ако со некого треба да соработувате на искрено ниво, тоа треба да бидат албанците, бидејки само тие немаат никакви претензии по македонија и македонците. Вие ги терате луѓето со сила да ви ја отцепат и тој мал дел на оваа држава. Проблем имате вие со сите други околу вас, а не тие со вас. јас како албанец, ако дозволам еден мал Грујо да игра со мојата нација, нормално дека ке барам други решенија. Врати се во реалноста, престани да сонуваш. или соработка, тотална со албанците или нема да ве има. тоа е една јавна тајна, која изгледа за тебе е тешко прифатлива. ајде доки, разбуди, соновите проминаа.
Од: trevizo
Датум: 04.07.2008 10:55:40
premierot zatoa sto nee siguren vo sebe ke pobara sigurno i nekoja partija od bugarija da vleze vo vlada kakvi kalicini partneri ima sigurno vicepremier ke bide BRANKO JANEVSKI sto bagra sobra na edno mesto alal da mu e go biva covekov za se ha ha ha.
Од: pdk
Датум: 04.07.2008 11:36:00
Site prvi pet-shest komentatori se samo bendisani koi mislat kje go isplashat Grujovski i vladata deka kje gi najde 2001-ta. Neka razberat site deka Amerika ne e povekje taa shto kje im go shtiti grbot samo neka probaat pa kje se izgorat.
Од: caircanec
Датум: 04.07.2008 12:29:06
Ako grujo misli deka e mnogu jak i ke igra so sudbinata na nas albancite od makedonija se laze,pa zasto glasavme nie?da ni kaze on koj treba da ne pretstavi?pa nie glasavme i kazavme a on neka ne misli samo na novata vlada nego i posledicite od nepostuvanje na nasiot glas.
Од: svedska
Датум: 04.07.2008 12:45:20
abe gruje ne te biva za premier sto bara dpa vo koalicija so dui .moze samo dui da vleze vo vladata nikako dpa pozdrav....
Од: PDK
Датум: 04.07.2008 15:35:53
hey more luge sto mislite deka ovoj gruevski e uspesen a... samo laze toj znae deka nema da ima sreduvanje bez da bide federalna drzava kako vo svajcarija znaete deka mnogu dobro ziveat lugeto od 4-5 nacii bez problem...
Од: bekir a.
Датум: 04.07.2008 15:53:16
da znaete deka so ova sto misli da go prai gruevski samo uste povece ke se zaebe,ali da vi e jasno deka vo 2001 napraivme edna greska sto ne gi cistivme od zemjata spiunite pa posle slavo makedoncite ama ako sega stanuvame ke cistime se po red i ne samo sto nema da postoi imeto makedonija tuku i seto ona sto e povrzano so makedonija ke iscezne od karta a povece ovoj sto rekol deka ke ne izgore ve cekavme da ne izgorete togas (2001) ama ne mozevte i nie pak od greota se soglasivme da pokusame uste ednas da ziveeme zaedno, no izgleda sme zgresile zasto vie ne sakate da ziveete so nas , ova go potvrdi i glasanjeto za vmro iredentistickata, no ve uveruvam dek mnogu ste vo gresen pat ako stanuvame sega nema vrakanjeeee zatoa za vase dobro zamislete so laden mozok gospoda
Од: Konstruktiven-albanec
Датум: 04.07.2008 17:14:53
So naj golemijot broj na citateli albanci ne se slozuvam so tezata deka DPA ne gi prestavuva albancite.Mislam deka toa e golema greska,zatoa sto 90.000 glasa dpa gi zel od albanci a ne od TORBESI,BOSNJACI TURCI.kako argument vo izborackata edinica broj 5 dui osvoj 6.591 glasa od ne albansko naselenije.,Samo vo opstina dolneni dobi 2.752 glasa,gospoda od dui,naprajte matematika kolku turci vostruga,torbesi glasa za dui vo bitola,struga i gostivar....Mene mie cest i gordost sto dpa 90.00 glasa gi imas od cistoa albansko glasacko telo.
Од: ramce-topana-dui
Датум: 04.07.2008 18:01:09
DO KONSTRIKTIVEN siptar , abe backa todo shutka glasalo za toj curanot tvoj menduh thaqi ama nane ne go biva be glup siptar toj mendo samo dobar na parlament da vika i na surla da sviri
Од: Albanec
Датум: 04.07.2008 19:06:26
Veke e najden zaednicki jazik, slednata vlada e so VMRO-DPMNE i DUI. DPA nema da bide del od vladata. Nisto tragicno, nisto senazacionalno, se normalno, za toa im cestitam na novite vladateli na drzavata i se nadevam deka ovoj pat ke rabotat so site sili da ja razvijat drzavata ekonomski, da gi fakjat kriminalcite, korumpiranite, da gi osudat tia sto napravia neredi sproti glasanjeto na 1 juni. Ednas zasekogas da se relaksirat megjunacionalnite problemi, duri bi ve povikal da se sretneme megjusebe, da zborime, da se zapoznaeme podobro, da gi ucime decata od mali na pocit kon site, i ke nema problemi nikogas. I se razbira sto pobrza integracija vo NATO i EU. Cestitki za novata Vlada.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Црвенковски- Писмото на Саркози да не се толкува со крајности
Спорот околу името му штети на Балканот
Бура по предлозите на Моника Маковеј
Писма до Буш по повод Денот на независноста на САД
Грција одбива разговори за протераните Македонци