Број 3297  четврток, 03 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

На „сослушување“ лекари кои препишувале скапи лекови

Клинички лекари биле повикани во Министерството за здравство да остават податоци за себе и за лековите што ги препишувале

Јасмина Јовановска


Ќе се штеди ли на скапите лекови и во болниците? Дали пациентите навреме ќе ја добијат терапијата која најмногу одговара за нивната болест или ќе мора да чекаат лековите да не им дејствуваат за да може се лекуваат со понова генерација лекови. Овие прашања се' погласно си го поставуваат лекарите од неколку клиники кои во Министерството за здравство требало да се јават да остават лични податоци за себе и за скапите лекови што ги препишувале. До клиниките за онкологија, за хематологија, за нефрологија, за трансфузиологија, за ендокринологија, за ревматологија било испратено писмо со кое лекарите кои препишуваат цитостатици, инсулин и други скапи лекови се повикуваат на „сослушување“ кај одредено одговорно лице во Министерството за здравство. Образложението било дека Министерството ги бара овие податоци, бидејќи прави регистар за овие лекови.

„Ако се прави регистар на лекови, зошто не бараат податоци од клиниката, какви и колку лекови се трошат, туку не' викаат нас лично“, реагираат лекарите. Според нив, ова е директен притисок врз стручноста и прашуваат дали ова не е начин како државата по теркот на аптеките да заштеди и на скапите лекови што се трошат во болниците. Но, лекарите уверуваат дека ако е тоа намерата, Министерството треба да знае дека форсирањето на евтината терапија може да се врати како бумеранг со зголемени трошоци во лекувањето, поради подолготрајната терапија и можните компликации.

Од Министерството за здравство, пак, се правдаат дека податоците за лекарите и лековите што се препишуваат се бараат за да се изготват регистар на лекари и на лекови што се трошат во болниците. Со помош на овие регистри, Министерството планира да ја реализира иницијативата за спроведување медицински протоколи за лекување изготвени од реномирани странски институции за разни малигни заболувања, реума, дијабетес. Преку регистарот, сметаат во Министерството, ќе се подобри комуникацијата и координацијата на лекарите со Министерството за здравство што се неопходни во спроведување на медицински протоколи.

„Станува збор за контакт-информации за да може секторот за секундарна здравствена заштита да ја подобри комуникацијата со секој лекар на индивидуално ниво. Податоци се бараат, исто така, и од болниците за овие лекови и медицински состојби“, објаснуваат од Министерството.

Во Министерството негираат дека регистрите се прават за да се штеди на скапите лекови, туку за да се добие попрегледна евиденција на лековите што се трошат во клиниките и во болниците и болните да не останат без терапија“. Следен чекор е воведување електронска евиденција и мрежно поврзување на сите лекови, посебно на тие кои се наведени во списокот, за да се знае точ��иот број пациенти на кои им се потребни овие лекови и за нивно навремено обезбедување“, додаваат во Министерството.


#
Статијата е прочитана 918 пати.

Испрати коментар

Од: Toso
Датум: 03.06.2010 09:02:03
A da ne ne zapiraat pari za zdravstveno osiguranje, sekako nema nisto, se neka si bide privatno pa koga ke se razbolime ke si plakame od sopstven dzep (kako i sega) a ne da umirame oti vo bolnica nema konec, flaster, infuzija, igla. A drzavata e dovolno bogata da obezbedi socijalen paket za site -osnovni uslugi, namesto da ni kazuva sto e sila a sto e mok
Од: Луда Мара
Датум: 03.06.2010 10:08:52
Бррееее... Будали доктори!Па,ене ви ги лековите,на плоштадот!Поскапи од нив,здравје!Препишете по еден Аце за хипергликемија,еден Ченто за инфантилност,половина Гоце за пораст на Егото...!Немој ниту случајно да препишете,некому,по еден Шериф McLaboud за инсомнија,бидејќи ќе добиете ефект на розово-портокалови дамки околу очите на пациентите,па навистина ќе почнат да ги голтаат!Очигледно,во Министерството дури и немаат податоци за лековите,или,пак,се работи за маскирано Министерството за Внатрешни Работи!Или,за не дај боже,Службата за Државна Безбедност повторно се активирала во потрага по Државни Предавници! :)
Од: do kade?
Датум: 03.06.2010 10:38:55
Uste ova ni falese. Vlasta nebira nacini kako da gi trosi parite za neproduktivni celi, pa duri i po cena na nasite zivoti. Zar moze nekoj da go prasuva lekarot zosto prepisal poskap lek. Pa ova go nema nitu fasizoidni sistemi.Tesko na nas pacientite,a uste potesko na lekarite.Sega ke gi pustat na 'gurbet" vo mali opstini, i toa onie koi ne se partiski poslusnici. Kade ke se lekuvame? Za vo privatnite kliniki nemame pari, a drzavni veke nepostojat.Verovatno vo Butel.No ke ni treba 'drustvo" od nekoj sto ova ni go kroi.
Од: mene
Датум: 03.06.2010 12:20:31
Tocno skapite lekovi kaj hronicni bolni se neophodni(zavisi zivotot)od druga strana socijalnata zdravstvena zastita e prisatna vo Makedonija.Aku e tocno deka ne se raboti za pritisok vrz lekarite, vo red e no sepak smetam toa e edna vrsta pritisok.
Од: пациент - паталец
Датум: 03.06.2010 13:46:09
За спречување рецидив на карцином на бешиката по извршена хируршка интервенција (TURB), според медицински протокол усвоен и кај нас, единствена терапија е BCG, (кај нас Immucyst кој чини повеке од 8000 ден една доза).Протоколот предвидува 27 дози и , се разбира, лекот не е на позитивната листа, веројатно затоа што Фондот за здравство работи како профитабилна институција со парите од осигурениците. Господ нека им е на помош на болните во оваа држава!
Од: kole
Датум: 03.06.2010 14:29:23
На ВМРО-вската медицина може да му позавиди и Ким Јонг Ил............нели Феликс??????

Најди! во Утрински
Политика
Штрајк во грчка конфекција во Кавадарци
Што прави Али Ахмети
Учењето македонски на Уставен суд
Или управител на зградата, или казна од 3.000 евра