Број 3297  четврток, 03 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Учењето македонски на Уставен суд

Уставен суд на вчерашната седница со мнозинство гласови реши да поведе иницијатива за преиспитување на уставноста на точка два од решението на министерот за образование, според која, учениците од немнозинските заедници треба да го учат македонскиот јазик од прво одделение. Судот смета дека според поделбата на власта ваква одлука може да донесе само Собранието, а не извршната власт, како што е тоа во овој случај. Судот изрази сомневање и во законитоста на ваквата одлука на министерот, бидејќи во член 42 став 5 од Законот за основно образование е определено кога почнува наставата по македонски јазик, односно од четврто одделение. Решението ќе биде доставено до Министерството за образование, кое ќе има 30 дена да го одбрани својот став, по што Уставен суд ќе донесе конечна одлука. (МИА)


#
Статијата е прочитана 687 пати.

Испрати коментар

Од: pameten
Датум: 03.06.2010 06:16:13
Bez uchenje na sluzhebniot jazik od site zaednici drzhavava kje se raspadne. No shto i da odluchi sudot, prashanjeto e dali Albancite kje go prifatat? Po se shto se sluchilo vo Kosovo, mislam deka nema da go prifatat. Ochigledno tie ne ja sakat Makedonija i ne ja sfakjat kako svoja drzhava. Ne se vo pravo, no pravoto ne sekogash e pobednik. Mora da se bara plan B.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 03.06.2010 09:34:37
И ова го доживеавме,државниот јазик да оди пред уставен суд.Државата секако губи,ако се донесе поништувачка одлука ќе треба да се оди на изгласување во парламентот.Таму ќе проработи Бадинтер и ништо од сето тоа.И ако судот позитивно се изјасни пак Албанците нема да го спроведуваат законот.Зарем меѓународната заедница негледа да имаме невиден парадокс,да првооделенец може да учи англиски а државниот јазик е товар.Лицемерие невидено.
Од: makedonce
Датум: 03.06.2010 13:31:50
znaat i vrapcinata deka albancite ne ja cuvstvuvaat makedonija za nivna zemja ..pa mars nazad vo kosovo...vo normalni zemji oficijalniot jazik se uci uste vo gradinki....

Најди! во Утрински
Политика
Штрајк во грчка конфекција во Кавадарци
Што прави Али Ахмети
На „сослушување“ лекари кои препишувале скапи лекови
Или управител на зградата, или казна од 3.000 евра