Број 3297  четврток, 03 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Што прави Али Ахмети

Лидерот на ДУИ е убеден дека Груевски не сака да го реши името

Светлана Унковска


Иако одамна стана банално да се поставува прашањето што се случува со партијата на Али Ахмети и каде е воопшто лидерот на интегративците, сепак, тишината што се шири околу ДУИ е премногу гласна за да не се забележи.

Каде е, всушност, лидерот на партијата на Албанците во власта? Тоа што повремено излегува од анонимност за да каже дека не излегува од Владата и покрај се', не може да биде одраз на дејствување на рамноправен коалициски партнер во власта, кој ја има одговорноста пред граѓаните за се' што се случува.

Во вжештениот политички момент кога неизвесноста околу решавањето на спорот со името и со тоа евроатлантските интеграции е се' појасно дека се ставени под големо прашање, Ахмети отсуството го оправдува со тоа што вели дека не сака да му биде алиби на премиерот Никола Груевски да не го реши спорот со Грција.

Убеден е дека неговиот партнер не сакал да го реши спорот, туку се обидувал да и' ја префрли одговорноста на ДУИ. Со тоа отворено потврдува дека партнерството во власта им оди во спротивни насоки и признава дека меѓусебното нетрпение е на критично ниво. Скоро со исти реченици деновиве премиерот Груевски повторно негира дека односите во коалицијата се нарушени и дека со ДУИ имаат редовна комуникација, при што некои прашања дури биле и завршени. Но, кога беше последната средба Груевски - Ахмети?

Позицијата на ДУИ во власта, како што оценува Љулзим Хазири од Асоцијацијата за демократска иницијатива е на границата меѓу издржливоста и невозможноста.

„Ако се вели дека не се попушта за името и со тоа не се прифаќаат ниту евроинтеграциите и членството во НАТО, по ова ДУИ треба да најде излез од ваквата ситуација затоа што по партијата ќе влезе во уште подлабока апатија и нема да биде во корелација со барањата на граѓаните, со што целосно ќе ја изгуби довербата“, вели Хазири. И покрај тоа што раководството и членството на партијата се прекршува околу овој став, Ахмети упорно вели „не“ за заминувањето од власта, за што притиска и самата меѓународна заедница. За нов рок до кога ќе чекаат ВМРО-ДПМНЕ да го реши спорот со името го поставиле самитот на НАТО во ноември, а со особено вниманието ќе ги следеле и пораките за Македонија што се очекуваат да произлезат од состанокот „ЕУ - Западен Балкан“ во Сараево. Што ќе се случува потоа, дали ќе следуваат повторно пролонгирање на рокови или ќе преземаат радикални чекори, не откриваат.

Засега, велат партиски извори, нема да дозволат да потпаднат на сценариото што им го прави ВМРО-ДПМНЕ. „Ако мислат дека со провокациите ќе не' изнервираат за да не' натераат да излеземе од власта и да испровоцираат предвремени избори, тоа нема да им успее. Можеби изгледа дека сме многу дефанзивни и пасивизирани, но тоа е затоа што не сакаме да влеземе во нивната шема и со тоа да се оправдаат за нерешавањето на спорот со името. Знаеме дека сме цел, но тоа е единствениот начин“, вели нашиот извор.

Тој додава и дека Ахмети, сепак, ги збива партиските редови и затоа во иднина претседателството на ДУИ секој викенд задолжително ќе заседава и ќе ги преиспитува вкупните состојби.

Останува неизвесноста и околу исполнувањето на барањата, кои Ахмети пред само еден месец се одважи и храбро му ги испорача на премиерот Груевски. За барањата за запирање на Хашките случаи, за Сопот и обештетување на поранешните борци на ОНА, очекувањата и во редовите на самата ДУИ дека нешто ќе се реализира се минимални.

Овие барања на лидерот на интегративците се отфрлени затоа што, како што велат извори од партијата од нивниот партнер, од ВМРО-ДПМНЕ било порачано дека тешко би можело да се направи нешто, бидејќи Сопот и Хашките случаи се предмети кои се во надлежност на судството во чија независност не сакаат да навлегуваат. Не се очекува ниту во скоро време да се донесе решение за статусот на борците на ОНА, а како причина се наведува неодамнешната потврдена пресуда на Јохан Тарчуловски од Хашкиот трибунал. Не сакале да вршат притисоци за ова барање, бидејќи во таквата атмосфера на зовриени страсти не сакале да долеваат масло на огнот. (Св.У.)


#
Статијата е прочитана 4340 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 03.06.2010 00:28:23
Sto pravi? Si uziva, si dobiva procent od Grujo, i si gleda seir. I on svati deka celata igra e okolu toa sto poveke da se tovari magareto.
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 03.06.2010 01:33:58
Procitav podolu kako Ameti hrabro mu se odvazil i mu gi dostavil baranjata na Gruevski (nivni baranja). I podolu kako Gruevski mu gi odbil baranjata. Neznam samo dali mu gi odbil hrabro....???- A vam novinarke, da vi podaram edna pecena kokoska dali moze nesto da napisete i za mojata hrabrost?
Од: nacional-patriot
Датум: 03.06.2010 06:34:27
Poleka no sigurno,na mnogumina im stanuva jasno deka nikogas nema da ima kompromis za imeto na drzavata.Ja prifakaat realnosta i onie vnatre i onie nadvor od Makedonija.Onaka kako sto ja prifatija realnosta za Makedonija i Makedoncite atinskite istoricari od krajot na19 vek i pocetokot na 20 vek Hodis i Cjulkis.Ovie istoricari se povikuvale na naukata i rabotele nezavisno od togasnite atinski vlasti i tie ne se soglasuvale so politikata na togasnata atinska vlast.Hodis jasno tvrdel deka Samoilovoto carstvo bilo makedonsko,iako car Samoil bil Ermenec.I drugi istoricari se soglasuvale so nivnite stavovi.
Од: Бране
Датум: 03.06.2010 07:24:20
Ајде што албанците не го разбираат проблемот со името, срамота е што тоа не го разбираат ни некои наши новинар(к)и.
Од: surat
Датум: 03.06.2010 08:49:06
uziva. gi drzi vo skutot i branko i grujo. zaedno. makedoncinja
Од: Чегране
Датум: 03.06.2010 08:55:35
А,што треба да прави?Да предизвикува криза,или,не дај Боже,војна?Тоа ли го барате?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 03.06.2010 09:42:39
Нека веќе еднаш искочи од коалицијата и нека има вонредни избори.Преку глава ние секидневното однесување ,,сакам-нејќам,,Знам дека виножитниве нема да им се израдуваат на изборите,тие сакаат повторување на 2001 год. во смисол на широка коалиција без избори да се инсталираш во власта.А и богами она најстрашното ќе мораат да одлучуваат за промена на името,е тука е доста тврдо,тие сакаат друг да го смени името а тие да навиваат.
Од: b
Датум: 03.06.2010 09:55:44
Што прави? Ужива во власта. Им се бендисаа бизнисите, тендерите и сличните придобивки од власта, па ако треба да пропаднат, но до крај ке седат. А мислев дека е зрел политичар, мислев стварно ја сака Македонија во НАТО и ЕУ.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 03.06.2010 11:17:32
Не е проблемот во ништо друго освен во Дујо.
Од: Filip, Germanija
Датум: 03.06.2010 11:21:33
E moj Branko, taka lesno ne mozes da dojdes na Vlast, pogotovo so pravenje megjuetnicka Omraza! Daj pusti gi mladite vo tvojata Partija da napravat stvarno dobra Opozicija za da funkcionira Pozicijata,ilida raboti podobro ili zaminuvanje od Vlast! A tebe bi ti preporacal zaminuvanje od Politikata oti ti si veke ispolzuvan!!!
Од: snajper
Датум: 03.06.2010 11:48:45
Toa sto navodno go pisuvaat komunjarskite novinari na zadaca od grujovci i brankovci deka Ahmeti bara vlez vo NATO e da se prikrie vistinata deka site gragani go baraat toa, a grujo so taa parola dojde na na vlast, a sega vo kontinuitet i koncenzus so branko ja blokira zemjata za vlez vo NATO i EU. Vo lagite mozat da si veruvaat samo brankovci i grujovci.
Од: visa star
Датум: 03.06.2010 13:09:45
.Ако власта,без коалициониот партнер е тој кој треба да пресече,дали се бара решение за спорот со името,тогаш и треба јасно да пресече.Но ако секојдневно се најавува референдумот,тогаш преведено значи сме за решавање на спорот,и дека навистина има проблем.Не можете секогаш неколку контрадикции да ги чувате во пакет.Во таква една состојба како може да се очекува конструктивност,кога другиот самиот не знае што му одговара на партнерот,кога секојдневно се менуваат ставови."Нека веќе еднаш искочи од коалицијата и нека има вонредни избори.Преку глава ние секидневното однесување ,сакам-нејќам"A што мака има некој што секидневно го прашува,сакаш,нејчеш.Така се трошат само кредитните картички.Толкава ли е цената на интеграцијата на земјата колку една дезинтеграција на интегративците?!
Од: makedonce
Датум: 03.06.2010 13:13:11
grcite poveketo od niv priznavaat makedonski narod nacija i jazik...ama makedoncite(grkomanite gi pravat site problemi...i plus izrodite vo makedonija inaku ke bese makedonija priznaena uste 1992 godina pod ustavno ime
Од: adnan
Датум: 03.06.2010 14:48:17
Pa gospodinot Ahmeti uzhiva megjutoa narodot znae da kaznuva.Gruevski i Ahmeti momentalno ja utnale mk vo eden endek shto teshko mozhe nekoj da ja izvlekuva, ja odalecuvale MK od site evropski inspiracii, ja upropastile ekonomijata ,gi vloshile megjuetnickite i megjuverskite odnosi.nO NARODOT PAMTI PA VRAKA UDAR.kAJ Albanskiot bllok Ahmeti pa i Menduh taci napravile mnogu shteta za koi narodot na izbori ke gi kaznuva i toa drasticno bidejki ovie dva gospodina mnogu go manipulirale Albanskiot narod za svoite licni interesi.Kaj aLBANSKIOT ELEKTORAT MORA DA POBEDI TRETA OPCIJA.Bidejki narodot od ovie dve e izmoren i ne im veruva veke.Pa kako treta opcija e novata partija na IMER SELMANI koja spored poslednite meseci se cini deka seriozno se zalaga za potrebite na Albanskiot narod pa i vo celina za problemite za RM.

Најди! во Утрински
Политика
Штрајк во грчка конфекција во Кавадарци
На „сослушување“ лекари кои препишувале скапи лекови
Учењето македонски на Уставен суд
Или управител на зградата, или казна од 3.000 евра