Или управител на зградата, или казна од 3.000 евра
Станарите во зградите мора до 5 август да одберат управител или да се регистрираат во заедница на сопственици
Снежана Калабакова
Само уште два месеца им преостануваат на сите оние граѓани кои живеат во колективни станбени објекти за да се организираат и натамошната грижа околу одржување на зградата да ја препуштат или на управител, или на заедница на сопственици. Доколку не го сторат тоа најдоцна до 5 август, ризикуваат да бидат казнети и тоа од 50.000 до 200.000 денари.
Новиот Закон за домување, кој е во сила од август минатата година, всушност, ги обврзува станарите да одберат една од двете форми на организирање, но поради недоречените и непрецизни одредби, тој создава забуни и несигурност кај граѓаните. Која форма да се одбере, колку ќе ги чини сето тоа сопствениците на станови, која е предноста на управителот, а која на заедницата? Овие и многу други прашања ги мачат граѓаните кои не знаат од каде и од кого да побараат одговор и се оставени сами на себе да го толкуваат Законот како што знаат и умеат.
Од Министерството за транспорт и врски објаснија дека доколку сопствениците на становите не определат управител, или не регистрираат заедница на сопственици во рок од една година од стапувањето во сила на законот, управителот ќе биде определен по судски пат во вонпарнична постапка на предлог на кој било од сопствениците. Што се однесува до цената за регистрирање на правното лице, Министерството за одговор не' упати во Централниот регистар.
Регистрирањето заедница на сопственици во Централниот регистар на Македонија чини 2.452 денари. Оттаму станарите претходно треба да си обезбедат формулар, кој треба пополнет да го приложат при регистрацијата. За разлика од заедницата, управителите се лиценцирани фирми, составени од најмалку петмина вработени, од кои тројца треба да имаат најмалку средно образование, а двајца високо. Лиценците ќе ги издава овластено регулаторно тело, а ќе чинат 150 евра. За станарите останува нејасно колку ќе ги чини ангажирањето на ваквите фирми управители, ниту, пак, каде да ги најдат. Граѓаните се малку информирани, имаат многу дилеми, особено околу новите трошоци што ќе им се наметнат. Стравуваат не само од ново скусување на семејниот буџет, туку и од казни.
Од Организацијата на потрошувачите на Македонија велат дека во Законот не се дефинирани многу прашања. Сметаат дека цената за регистрирање на заедниците треба да биде приближно колку и регистрирањето правен субјект. Појаснуваат дека има згради што остваруваат приходи од најмување простории или делови што се издаваат како рекламен простор. На нивната жиро-сметка, освен средствата за одржување на објектот, ќе им се слеваат средства и по други основи, па се поставува прашањето дали заедницата на станари ќе треба да прави и завршна сметка. Нејзиното изготвување треба да го направи стручно лице, кое, исто така, треба да се плати.
„Ако станарите регистрираат заедница на станари, веројатно претседателот ќе располага со жиро-сметката. Не е јасно дали, на пример, за чистачка, секој станар ќе треба да уплаќа со уплатница на жиро-сметката на заедницата, или уплатата ќе оди на нејзината трансакциска сметка. Кој ќе ја има контролата на парите што влегуваат и излегуваат од сметката, ќе треба ли претседателот два пати годишно да дава отчет? Има и многу други прашања на кои треба да се даде одговор, а законот не ги дефинира. Институциите се многу лежерни и навистина ќе биде хаотично ако по 5 август почнат да казнуваат“, вели Татјана Тасевска, правен советник во законоправното биро на ОПМ.
Од Министерството за транспорт појаснуваат дека инспекцискиот надзор на примената на Законот за домување го врши Државниот комунален инспекторат преку инспекторите за домување и овластените инспектори за домување во општините кои се во рамки на општинските комунални инспекторати. Други детали, засега, нема.
Pa poglupo nesto nemam slusnato. Bog da cuva i da brani so ovie vmrovcite. Site ne pravat maloumni
Од: Дони
Датум: 03.06.2010 00:55:27
За регистрирање заедница на сопственици не е доволно само да се пополни формулар, туку со него бараат да се приложи и записник од основачка седница на заедницата, нејзин статут и др., но за среќа во мојата зграда станарите се сложни и се е веќе направено. Ме интересира ако за платата на управителот треба да се плати по денар на метар квадратен, а треба да се издвојат и пари за чистачка, за замена на светилки, штекери, одржување на врати, лифтови, па и варосување, колку тоа вкупно станарите треба да плаќаат?
Од: marjan.pp
Датум: 03.06.2010 01:29:34
do kade odi ludiloto na ovaa vlada?
Од: kiroUSA
Датум: 03.06.2010 05:17:35
E sega slednovo ke bide koj zivee poblisku do centar ili po atraktivna lokacija ke vi izmislat taksa za toa . nemoj da gi potcenuvate ovie vo vlada treba kasata da ja polnat , inspiracija im e danocite od zapadot.ako ne se soglasuvate KAZNA 1000 evra haha.gluposti necueni.
Од: Stranec
Датум: 03.06.2010 06:02:09
Realen i Marjan-Da ziveete vo stranstvo ke vi bese jasno deka ova ne e nesto sto VMRO go izmislija...Toa go ima vo cel svet!
Jas plakam 140 evra mesecno za odrzuvanje
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 03.06.2010 06:31:43
Овие малолетни од владава, чуле нешто и ајде ќе го направиме.Како и се и ова е тотално ненормален закон со кој ама баш ништо не е јасно освен дека повторно ќе се појават нови бирократи кои би требало да ги трошат парите на граѓаните а и бричење на фирмичките преку лиценци.Колку веќе лиценци се измислија за се и сешто и собирање пари по таа основа.Се оди на арач на народот по сите основи и шанси за казнување за се и сешто.Овие одат да го ограбат целиот народ.Што уште ќе им текне?
Од: elena
Датум: 03.06.2010 08:32:12
ова не е ниту глупаво, ниту чудно, ниту нешто што го измислила оваа влада. ова постои во сите европски земји воедно онаму каде што сите ние се стремиме
Од: Мите
Датум: 03.06.2010 09:08:50
прво да најдат начин како ќе да се дисциплинираат станарите кој не плаќаат струја за пумпи за парно и за лифт, за чистачка да не зборувам...
Од: Ama komparacii!?
Датум: 03.06.2010 09:30:31
Ova e suluda idea na vladeckava nomenklatura so edina cel polnenje na drzavnata "prerodbenicka"kasa. A do "Stranecot " I Elena : Da toa go ima vo Evropa no onaj "stranecot" ima primanja od 2000 evra , a ovde ako ne znae vladee afrikanska nevrabotenost(35%) i azisko-afrikanski plati. Toa e isto kako vo Sudan i Ruanda da go zadolzis sekoe semejstvo da ima sovremenokupatilo i WC so vodovodna i kanalizaciona mreza , bidejci ete takvi imale cela Evropa i drugiot pobogat svet. Gospod da ne cuvat od vakvi nedovetni komparacii !?. Ne popusto rekol narodot : "Videla zabata aktot kaj se potkova , pa i taa ja krenala nogata" Narodot edvam vrzuva kraj so kraj i mnogu od niv gladuvaat gospodine" Stranec"! ! !
Од: aleksandar sv nikole
Датум: 03.06.2010 09:47:26
dobro be luge,sakame da odime napred ,se da ni bide sredeno,po evropski terk,a ne gi prifakame novite zakoni i pravila!!ne odi toa taka!!nasekade vo razvienite zemji postoi odrzuvanje i toa cini...nekade opstinata e odgovorna,nekade samite stanari,no zapamete-sekade PRAVNO e regulirano toa....nema poveke aj ke i dademe na cigankata 200 denari da izmete vo vlezot...zaboravete na toa!mora da ima RED!ja licno poddrzuvam se sto e vo pravec na sreduvanje na ovaa haoticna sredina!
Од: Луда Мара
Датум: 03.06.2010 10:32:08
Абе,Доктори-психијатри,јас,пак,се чудам зошто е празно Бардовци!Пак ви киднале ова болниве!Срамота!Не ли гледате дека треба да водите малку повеќе сметка за „нашите“пациенти!Дури до Владата стигнале,па се занеле во улогите на Александар Велики,Самуил,Париз,Берлин,Токио,Петар Пан...!Ш’о?Петар Пааан?!Не знаевте?!Па,Тоа е мојот најнов Патриотски Херој!Чист Македонец!Небески!Постојано Лета,Малку троши,Живее и се храни од воздух,од гол (и бос)патриотизам и од Споменици!Што мислите,зошто поставија Полицајци поред Грандиозните Глупости?Па,за да не почнат да ги јадат,или да ги земаат како лекови!Кој знае,секакви будали шетаат по улициве,не само низ Вл....!Ш’о??Спомнав Вл...!?Не,беее... на ЦК мислев! :)
Од: gragjanin na MK
Датум: 03.06.2010 10:46:44
Od ludo poludo. Zakonot svesno e "napraven" so nedorecenosti, za da moze polesno da se primenat odredbite za kaznite, oti tie se klucni za vlasta. Kade e narodniot pravobranitel???
Од: jean luc picard
Датум: 03.06.2010 11:13:56
Таман малце стивнаа со казните, сега се спрема нов бран. Овој период е изгледа затишје пред бура. Виделе дека од поединечно казнување на плукачи, валкачи и (не)совесни возачи не се полни буџетот па сега ќе удираат групни казни на цели згради. По се изгледа, законот е намерно оставен така недоречен и двосмислен за да имаат милион и една причина да казнуваат. 3000 евра казна!! леле мајко до кога ќе ги трпиме овие крвопии!!!!
Од: Dare
Датум: 03.06.2010 11:35:39
Poentata e sledna:Kukniot sovet da se preobrazi vo pravno lice,i za sekoja izvrsena aktivnost da ja izvesti Vladata.A na krajot od godinata da plati danok na dobivka.Mislam deka i etazhnite sopstvenici,semejstvata koi ziveat vo zgradata,treba da se "preobrazat" vo fizicki ili pravni lica kako miluvaat,i za svoite semejni problemi,karanici i i drugi prichi treba da ja izvestat Vladata a na krajot od godinata treba da platat ili personalen danok ili danok na dobivka.P.S. Jasno e kako den,treba da se zemat pari,a toa so Vladata na kuknite soveti na zgradite im gi zema parkinzite,gi dade pod konceija i sega drugi zarabotuvaat toa e ok.Sramota,treba i vozduhot so e zagaden da go plakame :(((((((
Од: ODNADVOR
Датум: 03.06.2010 12:03:39
Taka narecen " sharz" postoi na sekade vo EU ,a visinata e vo zavisnist od mestoto kade se navgja zgradata, kvadraturata na domot, i visosinata na katot. Vo sharz se predviduva celo odrzuvanje na liftovite koi se bezprekorni, cistotata na zgradata i okulu nea( kolku i pripagja), greenjeto, domarot i nokna sluzba. Seto toa go vodi kukjen sovet od najmalku 5 mina i e upravuvan od specijalizirani pretprijatija za domouvanje izbrani na tender koi sekoj mesec se vo vrska so sovetot,a ednas godisno,na sobir so sopstvenicite. Nezavisno od primanjata, trosocite sekoj mora da gi isplakja redovno, vo sprotivno domot mu odi na javna rasprodazba.del od sretstvata odat i vo opstinata,za popravki na ulicite , gradenje dograduvanje,a za secenje drvja,pismeno gi izvestuva sopstvenicite, potoa BARA odobruvanje za svojot predlig .Vo princip sistemot funkcionira dobro i retki se isklucivi slucaevi!Sharzot e dosta skap( so prihod od 750ev. plakjam 350 mesecno,na" meec koga nema golema popravka)
Од: Gox
Датум: 03.06.2010 12:24:07
Aj neka i tekne na ovaa nasa vlada da donese zakon,so koj sto ke se utvrdi plata spored toa koj vo koja firma raboti,pa neka donesuvaat vakvi zakoni.Glupavo e gazdive na kafici,diskoteki,butici i ostali biznisi da imaat 5 koli luksuzni,3-4 stanovi,vikendici i slicno,a nie obicnite da plakame nekoj da mi ja cuva zgradata..Vo red,ke platime,ama gazdite da plakaat rabotna raka najmalce 150 denari saat,nema da ni e problem.Ajde,donesete go zakonot,na site ke ni olesnite,vaka,na sledni izbori otidovte u istorija,posto pocnavte da preteruvate
Од: A kaj e tuka istrazuvackoto novinarstvo
Датум: 03.06.2010 15:35:37
A vo celava ovaa prikazna i situacija, kaj ste vie novinarite, kade e tuka istrazuvackoto novinarstvo, ako voopsto znaete stoe toa?Do koi institucii se obrativte, sto vi rekoa, zosto ne znaat da vi odgovorat, koja im e rabotata, kade se vasite komentari, ne e samo da trcite po gotovi vesto na presovite na VMRO i SDSM.