Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Втора страница

Градоначалниците ќе мора да бидат пратеници

Според предлогот на Вељаноски, општинските татковци ќе мора да ја прифатат пратеничката функција

Гордана Дувњак



Градоначалници кои се кандидирале на избори и ја добиле поддршката од граѓаните во иднина ќе мора да ја прифатат пратеничката функција. Ова е суштинската измена на Изборниот законик што ја предлага спикерот на македонскиот парламент, Трајко Вељаноски, со која се бара градоначалниците да не можат да се откажуваат од пратеничкиот мандат, односно да се враќаат на позицијата градоначалник.

Како главен мотив за предлагање на овие новини се наведува „воочената недореченост и непрецизност во член 65 на Изборниот законик“. ��о нив, како што се наведува во образложението, ќе се надмине прашањето дали дополнителната изјава од кандидатот избран за пратеник, а кој е актуелен градоначалник, може да го измени извештајот на Државната изборна комисија за конечните резултати од изборите. Воедно ќе се прецизира и дали такво право има верификациската комисија што ја избира Собранието на првата седница што ги потврдува мандатите на кандидатите избрани за пратеници.

Пратеничките групи вчера беа затечени од предлогот на Вељаноски и допрва ќе го градат ставот околу ова прашање. Од нив се бара до понеделник да се изјаснат за иницијативата. Вељаноски предлага измените да се донесат по скратена постапка.

Појавата за откажување од пратеничката функција по добивањето пратенички мандат беше регистрирана на предвремените избори во 2008 година, но и при последното изборно соочување од 5 јуни оваа година, кога седум актуелни градоначалници се најдоа на пратеничките листи, како од владејачките партии, така и од опозицијата.

И покрај тоа што до крајот на мандатот на актуелните градоначалници им остануваат уште две години, популарните градоначалници од двата табора на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, главно, беа носители на листи или високо котираа меѓу првите места.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ на листите стави тројца градоначалници: првиот човек на општината Аеродром, Ивица Коневски, беше на трето место во Првата изборна единица, прилепскиот градоначалник, Марјан Ристески, на втората позиција во Четвртата изборна единица, а неговиот битолски колега, Владимир Талески, на второ место во Петтата изборна единица.

Боите на опозицијата ги бранеа градоначалникот на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, како и струмичкиот градоначалник, Зоран Заев, кој по втор пат ја користи својата популарност да биде носител на партиска листа за избор на пратеници. На предизвикот да се испробаат на избори за пратеници не му одолеа ни градоначалникот на Чаир од редовите на ДУИ, Изет Меџити, како и гостиварскиот градоначалник, Руфи Османи, кој го стави во функција на својата нова партија сопствениот рејтинг. Експертите уште тогаш укажуваа дека на ваков начин се изигрува волјата на граѓаните, кои практично се чувствуваат измамени по повлекувањето.

Инаку, во постојниот Изборен законик е регулирано дека функцијата пратеник е неспоива со функцијата градоначалник, односно дека со верификацијата на мандатот за пратеник престанува функцијата градоначалник и обратно. Изборниот законик не го ограничува ниту го забранува правото градоначалник да биде кандидат за пратеник.


#
Статијата е прочитана 2303 пати.

Испрати коментар

Од: Istocna Makedonija
Датум: 23.08.2011 07:55:08
Frlanje magla vo oci i post festum predlog.Ke imase tezina i iskrenost ,ako ovoj predlog ja pominese sob- raniskata procedura i kako dopolna na izbornoto za- konodavstvo bese donesen pred izborite.Vaka...?!
Од: Трпе
Датум: 23.08.2011 08:10:42
Пак народот се замајува во друг правец.Незнам и во што е хитноста на носење на ваков закон .Случајно власта да не рачуна во ноември да има нови предвремени избори.Кога ке донесат закони за минимална плата.За заштита на работничките права,за подобрување на квалитетот на живот.Србија и Косово што не помина не помина,но и босна не поминува.РМ остана најголемата дупка на сиромаштијата.Ама и имаме метропола која наликува на забавен парк.Цинизамот на претседателот на собранието под менторство на бладата нема крај.Многу набрзина заборавија што ветуваа на граганите.
Од: vasil
Датум: 23.08.2011 08:32:25
mislam deka predlogot e na mesto,i treba da se prifati bidejki stvarno se izigruvaat glasacite a isto taka sum pobornik za vrakanje na mnozinskiot izboren sistem,koj ovozmozuva direktren kontakt na biracite so nivniot pratenik,a ne kako sega "takanarecenata elita "ne mozes da ja simnes od partiskite listi i 2-3 mandati ke sedat bez idei vo sobranie a jadnata ni drzavicka ke ode jabana.
Од: hari
Датум: 23.08.2011 08:39:46
Fala bogu sto se setivte .Pred izborite trebase da go napravete ova.Sreduvate gi poleka mravkite, a slonovite pod nosot vi minuvat.
Од: miki
Датум: 23.08.2011 08:55:44
predlogot e Ok
Од: VP
Датум: 23.08.2011 10:25:18
Според предлогот на Вељаноски, општинските татковци ќе мора да ја прифатат пратеничката функција Во една далечна на Македонија земја - по девет земји та во десета - народот почитуваше својот прв раководител бидејќи прифатил дека со една плата не става работа Во таа смисла - прекрасен поднаслов и одличен текст.... И да побрзаат - да не се оплеска нешто
Од: pile
Датум: 23.08.2011 11:15:19
Izborniot Zakon treba da pretrpi i drugi posustinski izmeni od ova predlozenata,a osnovno e Republika Makedonija da bide edna izborna edinica, kako i Zakonot za registracija na politicki partii treba da pretrpi izmeni, vo pogled na birokratskata postapka za pptreben broj na clenovi i notarski zaverki na izjavi od istite, kako i drugi izmeni so sto ke se ovozmozi i na nezavisnite-neopredelenite i pomalite politicki partii da imaat svoi pretstavnici vo sobranieto, ako sakame podemokratski politicki ambient vo zemjata.

Најди! во Утрински
Втора страница
Мерките ги десеткуваа азилантите
Скопје како бехатон-коцка
Вербатим
Меркел
За „Кале“ ќе одговараат 33 лица

"""