Брoj 2703  среда, 04 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter
Политика

Приведен кандидат за пратеник на ДУИ

Кандидатот за пратеник на ДУИ во „шестката“, Вулнет Ахмети, вчера во Тетово бил приведен, без да има притоа какво било објаснување. Од партијата реагираат дека, наспроти ова, досега не е уапсен ниту еден од оние кои во неделата ги предизвикале инцидентите.

„Случувањата во неделата ја нарушија довербата на граѓаните -Албанци во институциите на државата, посебно во МВР. Ги повикуваме властите да се ангажираат и да преземат мерки за враќање на довербата како предуслов за обезбедување мир и нормално функционирање на земјава“, изјави Ермира Мехмети, портпарол на партијата на Али Ахмети.

Таа ги потврди најавите за поднесување жалби до ДИК за целата ИЕ во шестката како и за Општина Сарај.

„Кон крај сме со подготовките за поднесување на жалбите до ДИК и, иако има околу 150, ќе стигнеме навреме во законскиот рок да ги доставиме“, истакна Мехмети. Покрај жалбите за сите спорни избирачки места, ќе достават и единствена жалба на Шестата изборна единица како целина. Таа уште еднаш го повика јавниот обвинител да поведе постапка за високи членови и функционери на ДПА, меѓу кои и за Даут Реџепи Лека, кој во неделата во Порој лично го држел во заложништво членот на ДИК Субхи Јакупи. (Св.У.)


Статијата е прочитана 493 пати.

Испрати коментар

Од: Anja
Датум: 04.06.2008 10:31:44
Po ova e jasno so kogo Grujo ke koalicira. Sega pocnuva progonot po neistomislenici, za da se pokaze pred svetot deka , bozem, se borat protiv kriminalot i kriminalcite. Mozebi ke ima i nekoe zrtveno jagne i od nivnite partii, za da se dozaslepi ovoj glupav i nedorasnat narod.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Собранието ќе се конституира на 20 јуни?
Прегласувањето ќе ги реши дилемите кој победи во албанскиот кампус
Старите членови на ПДП се против спојувањето со ДПА
Груевски ја изолира Македонија, вели Љупчо Георгиевски
Груевски во улога на претседател на ДИК
Големите партии и коалиции ги изедоа малите на изборите