Прегласувањето ќе ги реши дилемите кој победи во албанскиот кампус
Со повторување на гласањето, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ од 64 ќе остане покуса за едно - две места
Катица Чангова
Прегласувањето на 15 јуни ќе ги реши дилемите за победникот во албанскиот кампус. Во моментов се' уште не се знае која од партиите ДУИ или ДПА е победник на парламентарните избори. Во Државната изборна комисија потврдија дека ќе има повторено гласање на 22 избирачки места. Целиот процес со приговори и жалби, се' до изјаснување на Врховниот како последна инстанција треба да финализира до крајот на неделава. Од ДИК изјавија дека нема да соопштуваат по колку мандати освоиле политичките репрезенти се' додека не добие чиста ситуација од гласањето.
Според првичните резултати од добиени гласови што ги објави ДИК, разликата на ниво на држава е многу тесна, односно 110.000 спрема 101.000 гласови во корист на ДУИ. Некои неофицијални партиски пресметки прогнозираат дека и ДУИ и ДПА би имале по 13 мандати. Но, со повторено гласање, во Втората и во Шестата изборна единица постои можност за прокнижување по уште еден мандат, но не се знае на чие партиско конто. Извесно е само тоа што ДПА е во блага предност откако лидерот на ПДП најави постизборно спојување, што значи дека партијата на Мендух Тачи неофицијално има 14 пратеници.
Вчера до 19 часот истече рокот од 48 часа по завршувањето на гласањето што партиите го имаат за поднесување на приговори до ДИК за нерегуларности на гласачките места.
Во Државната изборна комисија потврдија дека сигурно ќе има повторено гласање во 22 изборачки места каде што имаше повеќе од тричасовни прекини во процесот. Затоа изборните резултати ќе бидат поништени. Станува збор за прекини регистрирани во неколку избирачки места во Општина Сарај, потоа на по две гласачки места во Дебар и во Желино. Нарушувања на избирачкиот процес имаше и во Општина Брвеница, во Чучер Сандево, во Гостивар во две избирачки места и во сите осум места во Општина Арачиново. До вчера во 13 часот во ДИК немаше документирано ниту еден приговор, а партиите вообичаено го чекаат последниот рок.
Премиерот и идниот мандатар за состав на нова влада, Никола Груевски, изјави дека ќе го чека повторувањето на гласањето, па дури потоа ќе се конституира Собранието и ќе се составува влада. Крајниот рок за нејзин избор е 6 август. Груевски е пред дилема дали да остане во коалиција со ДПА и како да го одбегне влошувањето на етничките односи, ако ДУИ и овој пат како победник од албанските партии остане надвор од власта.
Меѓутоа, листата на гласачки единици каде што ќе има прегласување не е конечна. Се очекува списокот да се прошири откако ДИК ќе ги разгледа партиските приговори.
Најголемиот број нерегуларности се случија во албанските средини, па партиите од албанскиот блок најавија обжалување на процесот. ДПА работи на приговорите и се очекуваше да ги прецизира спорните места до вчера попладне. ДУИ веќе знае каде ќе го обжали гласањето. Партијата на Али Ахмети ќе бара прегласување во Тетово, во Шестата изборна единица каде што ДПА победи со 30 проценти предност во однос на ДУИ. Од партијата на интегративците очекуваат прегласувањето да ја даде вистинската слика за расположението на електоратот. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, не се согласува со повторување на изборите во Тетово.
Kako e mozno DPA ,13 pratenika da dobie ?!
I samiot FUERE bese svedok na polnite kutii , zosto nikoj javno za TACI nisto zboruva , a sekoj znae ?!
Од: ronaldo
Датум: 04.06.2008 02:14:23
sega ke se preglasuva i toa realno pa ke vidime kolku pratenika ke dobie Dpa..slobodno mozam da se kladam koj saka posebno so vojvodite na taci deka nema da dobijat poveke od 8 pratenika.koj saka neka se javi tuka sum.A znaete sto ke se desi,koga ke se odluci za preglasuvanje taci nema da prifati zato sto znae deka ke ima debakl i site lagi ke muu izlezat pred cel svet,togas on ke se povlece da ostane vo istorija kao mu odzemale pratenici i izgubil,a istorijata ZNAE,posebno nasata ALbanskata kako ke bide zapameten Taci,kako ubiec na albancite vo 2000 vo kondovo,kako ubiec i vo 2008 vo aracinovo,i ubiec i terorist na albanskiot glasac koj sto nikogas ne mu dal legitimitet i nema da mu dade.ovie mu se posledni denovi vo politik.....a mozda i....
Од: boys
Датум: 04.06.2008 22:08:13
Se izvinuvam Ronaldo no ne si vo pravo. Si rekol deka gi ubiva albancite Thaci. No jas sum od Tetovo i znam mnogu dobro kako nasite brak albanci si izleguvaat na planina i bez da napravat nistoim gi odzemat parite na nasite luge i si jadat i si pijat besplatno. Ako sakate fer drzava togas sekoj treba da se fati na rabota a ne na oruzje i da si izleze na planina.Lugjeto da si odat na fakultet a ne na planina i da go narusat mirot vo nasata zemja.
Од: od german
Датум: 04.06.2008 23:06:19
koj e ovoj ronaldo,da ne e od novo otkrienoto pleme vo brazil zarem i tie znaat sto e glasanje cudno