Шест години семејството без Јохан
Здружението на граѓани за поддршка на Јохан Тарчуловски одбележува шест години од приведувањето и водењето пред Хашкиот трибунал на Тарчуловски. Претседателот на Здружението, Александар Колески, изјави дека овие шест години се ненадоместлива штета за семејството на Јохан.
„Убедени сме во праведноста на Јохан и целосно сме свесни за неговиот придонес за оваа држава и за народот. Нашето здружение опстојува во заложбата за промовирање и зачувување на неговото дело. Продолжуваме со поддршка на Јохан и нема да го заборавиме човекот кој кога и' беше најпотребно на Македонија, се жртвуваше и се бореше за државата“, рече Колески.
На новинарско прашање кога и каде ќе биде екстрадиран Јохан Тарчуловски, претседателот на Здружението рече дека се' уште немаат никакви информации. (П.Р.) |