Број 3530  понеделник, 14 март 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Македонија

Власта предизборно - училишта за селaта

Како што наближуваат вонредните избори, Владата секојдневно презентира нови и нови проекти кои ќе ги реализирала во наредниот период во интерес на граѓаните. Последната најава е дека ќе се градат нови училишта по селата во земјава, со цел учениците да не патувале со километри за да стасаат на училиште. Планирана е изградба на 21 училиште во руралните средини, во 16 општини низ државата. Тендерот за изградба на училиштата е распишан, на 21 март ќе бидат отворени понудите, а според планот, објектите треба да бидат готови до почетокот на новата учебна година. Со проектот, како што истакна на вчерашниот прес министерот за образование, Никола Тодоров, ќе се овозможи учениците да посетуваат настава во соодветни услови во своето населено место. Тој посочи дека објектите ќе бидат изградени според сите стандарди и нормативи и оти биле планирани два типа училишта, со две или со три училници. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 386 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 14.03.2011 12:38:54
Е ова ми се допаѓа.Сега ке сакаме секоја година да ни биде изборнаСамо што кај нас наместо за Нова година или Божик,Дедо Мраз ќе доаѓа пред секои избори.Караванот на власта тргна низ Македонија.Со народни пари си прават предизборен маркетинг.А познато е во законот кога започнува предизборните кампањи.
Од: stranecot
Датум: 14.03.2011 17:42:57
Toa se veli; imaja si priliku. Toa sega veke ne pali o zasto sme razbudeni veke.
Од: Karokan
Датум: 14.03.2011 19:24:39
Па г-дине Трпе,сеуште не се ни закажани предвремени избори и сеуште не е предизборен тајминг.Кога ќе дојде тој тајминг,тогаш ќе се игра по правила. Како онаа народната:" Дедо поме можам ли да мрсам на Велики петок???? Не,не никако!!!!!!! Па како тоа јас не можам,а гледам ти вариш пиле во котлето???? Па јас никој не прашав"!!!! Е,тоа ти е тоа,г-дине Трпе!!!Ќе го правиме тоа сега,во време кога со закон не е забрането,за потоа да го почитуваме законот. Тоа е нашиот фер-плеј!!! А што беше тоа фер-плеј ?????????????????????????????

Најди! во Утрински
Македонија
Грчката амбасада агитира
Грипот стивнува, настинките напаѓаат
Се тркаше цела Виница
Шест години семејството без Јохан

"""