Браќа од Опае го претепале зетот
Двајца браќа од кумановското село Опае завчера го претепале својот зет за сестра од скопско Чајлане. Според МВР, браќата З.И. (26) и М.И. (21) завчера го пресретнале зетот М.С. (33) на улица во Куманово. Двајцата го нападнале удирајќи го со боксови, а потоа го ставиле во автомобил и го донесле во Опае. Таму продолжиле да го тепаат уште половина час. Скопјанецот успеал да побегне од ударите на браќата кога нивниот татко се обидел да ги смири. Жител на Опае му помогнал на М.С. да стигне до кумановската болница, од каде што е пренесен во Ургентниот центар во Скопје. (Ј.К.) |