Локомотива излета кај Табановце
Поради железничка несреќа на меѓународната пруга кај Табановце, завчера на полноќ сообраќајот беше во застој повеќе од десет часа. При промена на локомотивите меѓународниот воз Солун - Белград, една од локомотивите на „Македонски железници" излетала од колосек и се заглавила меѓу шините, при што го препречила патот, па дошло до застој на сообраќајот. За сето време, околу 160 патници, револтирани од застојот, негодувале бидејќи никој не ги известил за причината поради која биле заглавени цели десет часа. Изутрината локомотивата била отстранета, по што сообраќајот е нормализиран. Во тој период требало да поминат уште четири товарни возови, заради чие задржување „МЖ“ ќе мора да плаќаат казнени пенали. (Ст.Б.)
|