Брoj 2746  петок, 25 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника
Заврши распитот на групата на Красниќи

Со распит на последните тројца од деветчлената група предводена од кондовецот Агим Красниќи, обвинети за злосторничко здружување, спречување избори и гласање и за недозволено држење огнено оружје, вчера заврши давањето одбрана на главен претрес.

Исказите кои пред Судскиот совет на Основниот суд Скопје 1 ги дадоа Имер Исмаил (29), Рихан Мемеди (19) и Бедри Мемети (30) од село Батинци речиси во целост беа идентични. Судијката Лидија Неделкова инсистираше во нивните искази да бидат содржани повеќе детали кои се однесуваат на настанот од 1 јуни оваа година, бидејќи сите тројца пред истражен судија го користеле правото да се бранат со молчење. Но, обвинетите останаа на тоа дека критичниот ден биле на прошетка со џипот „мерцедес“, дека не познаваат никого од групата кондовци, дека во возилото немало ништо сомнително и дека оружјето прв пат го виделе во полициска станица по нивното приведување. Тие се бранеа со кажувања дека никогаш порано не стрелале од огнено оружје и покрај тоа што од судот, на двајца од нив, им беше поставено прашање дали им е познато од каде кај нив се пронајдени остатоци од нитратни честички. (Љ.С.)


Статијата е прочитана 215 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Три стана изгореа во пожар во Битола
Браќа од Опае го претепале зетот
Велешанец починал од предозираност
Жител на Шуто Оризари тешко повреден во оружен напад
Браќа од Србија 21 година биле робови во македонски семејства
Локомотива излета кај Табановце