Брoj 2746  петок, 25 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника
Жител на Шуто Оризари тешко повреден во оружен напад

Во автомобилот на Бекир С. (50) вчераутро пукале засега непознати напаѓачи со автоматско оружје

Јулијана Кимовска

Жител на скопската населба Шуто Оризари е тешко повреден вчераутро кога засега непознати лица пукале во него од автомобил. Педесетгодишниот Бекир С. само што излегол од домот кога напаѓачите отвориле оган од автоматско оружје врз неговиот автомобил. Жителите на Шуто Оризари велат дека слушнале краткотрајно пукање, не уште пред да излезат од домовите напаѓачите заминале со автомобилот. Подоцна полицијата пронајде запалено возило во атарот на скопското село Визбегово, во кое се претпоставува дека избегале напаѓачите.

Инцидентот се случил околу 7 часот вчераутро, кога Бекир С. со својот автомобил „голф 5“ го напуштил домот. На улицата „Смиленска“ во близина на неговиот дом непознатите напаѓачи почнале да пукаат во автомобилот. Бекир С. во обид да им побегне, изгубил контрола над возилото и влетал во нива, пробивајќи ја металната ограда.

На местото каде што се случило пукањето, вчераутро се' уште се наоѓаше изрешетаното возило на Бекир, чии прозорци беа сосема искршени, а задниот дел од возилото беше изрешетан од куршуми. На оградата на нивата, пак, висеа предниот браник и регистрацијата од возилото кое го голема брзина удрило во пречката, по излетувањето од патот.

„Се' уште трагаме по напаѓачите. Бидејќи нема сведоци на инцидентот тешко е да се утврди бројот на напаѓачи, дали се работи за едно лице или, пак, за повеќе“, вели Иво Котевски, помошник-министерот за односи со јавноста во МВР. Полициските екипи при увидот собрале дваесетина куршуми, за кои се претпоставува дека се од автоматско оружје. Од полицијата не ја исклучуваат можноста дека повод за нападот била пресметка меѓу криминални банди. Повредениот скопјанец и' е познат на полицијата поради претходна инволвираност во криминални дејства.

Повредениот скопјанец е пренесен во Градската болница со две прострелни рани.

„Пациентот е донесен со прострелна рана во левата рака и стомакот. Направена е операција но се уште се наоѓа во тешка здравствена состојба и животот му е во опасност“, велат од Градската болница.

Кај гробиштата во атарот на Визбегово, во обид да ги пронајдат напаѓачите, полицијата кратко по пријавата за пукањето во Шуто Оризари пронашла напуштена запалена „шкода фабија“. Се претпоставува дека токму тоа е автомобилот со кој избегале напаѓачите, а потоа го напуштиле и го запалиле за да ги прикријат трагите. Во возилото се пронајдени две автоматски пушки и друг вид оружје. Вештачењето на пеплосаната „шкода“ треба да потврди дали автомобилот бил користен при нападот на жителот на Шуто Оризари.

Жителите на Шуто Оризари вчера беа видно вознемирени од пукањето. Велат дека додека спиеле, слушнале краткотрајно пукање од автоматско оружје.

„Спиев кога слушнав пукање. Звучеше како од автоматска пушка, кратко траеше, а додека излегов да видам, тие што пукаа веќе заминаа со автомобил“, вели еден 60-годишен жител на Шуто Оризари.

Истото тоа го потврдуваат и другите соседи, кои додаваат дека веднаш излегле надвор кога слушнале рафално пукање. „Слушнав истрели и излегов да видам што се случува. Го видов автомобилот на соседот. Неговите браќа веднаш притрчаа да му помогнат. Потоа дојде полицијата, а него го однесоа во болница“, вели 52-годишен жител на населбата. Дел од семејството на повредениот Бекир С. беа заминати во болница. Останатите членови не сакаа да зборуваат пред новинарите што се случувало утрото и зошто бил нападнат нивниот роднина.

 


Статијата е прочитана 235 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Три стана изгореа во пожар во Битола
Заврши распитот на групата на Красниќи
Браќа од Опае го претепале зетот
Велешанец починал од предозираност
Браќа од Србија 21 година биле робови во македонски семејства
Локомотива излета кај Табановце