Број 3645  понеделник, 01 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

Увозот на брашно условен со откуп на домашната пченица

Владата во обид да го заштити домашното производство на пченица. Имено, за да го стабилизира пазарот со брашно и со пченица, Владата на завчерашната седница донесе одлука следните три месеци, секој оној што ќе увезе еден килограм брашно има обврска да откупи четири килограми пченица од домашно производство. До октомври се забранува и извоз на меркантилна пченица. Ова е дел од сетот мерки за помош на земјоделците, која опфаќа и набавка на 40.000 тони пченица за стоковни резерви. „Владата ја задолжи Агенцијата за стоковни резерви да купи 40.000 тони пченица за стоковните резерви, односно истата количина што ја искористи Владата како мерка за стабилизирање на цените, односно намалување на инфлацијата“, изјави министерот за земјоделство, Љупчо Димовски. Покрај постојаната контрола на откупот на пченицата, тој најави дека Државниот инспекторат за земјоделство ќе врши дополнителна контрола на млиновите со што ќе се евидентираат откупените количини пченица наменети за преработка на брашно. Инспекторатот, додаде ресорниот министер, ќе ги евидентира и количините брашно со кои млиновите ќе вршат плаќање на откупената пченица во натура. „Со цел да се спречат нелегално производство и продажба на леб, Владата го задолжи Пазарниот инспекторат да изврши засилени контроли на сите пекарници во државата“, истакна Димовски.

Околу 300 илјади тони се очекуваат од годишниот род на пченица, речиси идентично со потребите на мелничарите. Приносот е зголемен за 10 отсто во споредба со минатата година. Од Министерството за земјоделство најавија и дека строго ќе се контролира и квалитетот на увозот на земјоделски производи на граничните премини. Целта на Владата е со оваа мерка да се подигне нивото на квалитет на производите по европски стандарди. Од денеска ќе се вршат и контроли кај винарските визби за откупот, производството и резервите на вино, а ќе се проверува и исплатата на откупеното грозје заклучно со 2009 година. (С.М.)


#
Статијата е прочитана 519 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Не се купуваат ни стари ни нови коли
Секој отпад не е ѓубре
МВР и ЕВН во акција за откривање кражба на струја
„Алкалоид“ со добивка од 4,8 млн.евра

"""