„Алкалоид“ со добивка од 4,8 млн.евра
Најголемата фармацевтска компанија во земјава „Алкалод“ во првите шест месеци од годинава остварила позитивни финансиски резултати, при што забележала консолидирана нето-добивка од 299 милиони денари, или 4,8 милиони евра, стои во неревидираниот биланс на успех, објавен на веб-страната на Македонска берза.
Конолидираната продажба на производите и на услугите на „Алкалод“ во првата половина од годинава на домашниот пазар изнесувале 1,3 милијарди денари, а на странските пазари 1,8 милијарди денари, или вкупно 3,2 милијарди денари, односно 52 милиона евра. Во споредба со истиот период од минатата година, продажбата е зголемена за 6 милиони евра. (Ек.Р.) |