Број 3412  четврток, 21 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Писма
Влатко е машата на ВМРО-ДПМНЕ

Стефан Настев

Пред  извесен период гледав ТВ-дебата каде што претставници од владејачката партија и од опозицијата имаа можност да ги спротивстават фактите и аргументите околу заострувањето на настаните на македонската политичка сцена. И искрено, повеќе не се чудам зошто Македонија ни е ваква каква што е, а уште помалку за рејтингот што го имаме како држава што претендира да биде дел од европското семејство. Гледајќи го младичот од владејачката партија, Влатко Ѓорчев, прво што ми падна напамет беше дали е овoj производот, резултатот од кампањите што секојдневно ни нагласуваат дека знаењето е сила, знаењето е моќ.

Значи, од цела партија преродбеници, единствено Влатко Ѓорчев реши да кажува дека Црвенковски добил црвен картон во Прилеп. Ме чуди зошто ги нема останатите господа од владејачката партија или, пак, се премногу паметни, па жарта ја фаќаат со маша. Повеќето од нив не се огласија и на митингот што го организира СДСМ пред Влада кога гласно се спр��тивставија над 50.000 луѓе незадоволни од овој режим, тогаш младичот, предводникот на нивната младина, си играше весела математика со овие бројки, па кажа бројка десетпати помала од реалната. Сепак, голем дел од медиумите ги соопштија овие бројки - 50 илјади пред Влада, над 15 илјади во Прилеп.

Наместо да се соочи со овие факти, како младич да им покаже и на тие негови преродбеници, да им посочи една нова политичка култура базирана врз меѓупартиски дијалог, тој продолжува по тие негови транзициски текови, меѓутоа, неговиот начин на размислување, за жал, е таков. Кога подобро би се навратиле кој е, ќе се дојде до фактите дека младичот од ВМРО-ДПМНЕ е типичен производ на бескрајната транзиција, со завршен факултет во пратенички клупи, кој, очигледно, никогаш немал можност сам да мисли. Е токму тој се најде најсоодветен да зборува за приватизацијата на СДСМ. Па ако е спремен, нека излезе на ТВ-дуел со Црвенковски или, пак, неговите овој пат нема да го пуштат, свесни се дека во нивно време се спроведени најкриминалните приватизации, ОКТА, „Телекомот“ и многу други.

Го слушам, на дебатата зборува и за светската економска криза, дава свој аналитички осврт. Овој човек, дипломиран правник, е „компетентен“ да кажува дека Македонија подобро се справувала со светската економска криза и истата теза да ја повторува во неколку наврати на своите реплики од 30 секунди, да кажува дека Грција е виновна зашто не сме дел од европското семејство, а ниту една секунда да спомне која политичка опција ја нудиме како држава. За се' е компетентен, тука нема дилема, и како експерт по економија се наврати на Бранковиот закон околу вработувањето, без да знае дека добар дел од реформите содржани во овој Закон ги спроведува неговиот партиски шеф.

Сепак, Ѓорчев е само ударна тупаница на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, и тоа го прави остро, без задршка, на моменти и безобразно. Тој е само маша за фаќање на жарот за оние проблеми за кои премиерот и останатите околу него не сакаат да излезат со сопствен став. Ѓорчев е машата, бидејќи Груевски и неговата дружина, очигледно, премногу се препознаа во речениците на Црвенковски, дека ќе одговараат за секој направен криминал во земјата, дека истите тие наместо да се борат против криминалот, го помагаат, па ги пуштаат ваквите младичи мислејќи дека таквите подобро ќе поминат по медиуми.


#
Статијата е прочитана 1677 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 21.10.2010 13:13:35
Сосема накратко визави последните реченици.Прашањето кој се препозна во говорот покрај власта треба писателот да си го постави и себеси.На кого се однесува заканата ,,да нема да се оди и да тој што тоа го бара нека не се надева на функции во идната влада,,Вероватно оваа закана нее за власта,оти функциите се за своите послушни кадри.Значи се однесува за ,,мангупите во нашите редови,, кој сакаат лидерот да си оди.
Од: Slovenija
Датум: 21.10.2010 13:43:48
Sakam da se osvrnam na Vlatko kako golem strucnjak do koga ke gledame na satelitska MRTV i da ni se smeat site za toa sto go davaat tamu Makedonija e predstavena kako da e od 19 vek jaoj mnogu zalosno pozdrav Slovenija
Од: Професорка
Датум: 21.10.2010 14:31:46
Тешко таа земја каде Влатко е ударна снага. Обичен кариерист и како папагал повторува тоа што сака неговиот шеф да чуе. А за едукацијата да не зборуваме. Типично преродбеничка.
Од: kristo
Датум: 21.10.2010 16:03:59
A sto bara Gjorcev na duel so prevarant?
Од: Stojan Stojanov
Датум: 21.10.2010 17:57:57
Napolno se soglasuvam deka Gjorcev ne e ekspert po ekonomija.No sto pravime so univerzalnite eksperti kako Sekerinska,Bendevska,Makraduli i Buckovski.
Од: Gnoseologija
Датум: 21.10.2010 19:00:41
Vlatko e vistinska perjanica i genijalen" seznajhko" na DPMNE-to. Nema oblast koja ne ja poznava i za koja ne pisuval. Znae se za politika, diplomatija, istoriski nastani od minatoto, za zemjodelieto ,ovostarstvoto, za sportot, za fudbalskata reprezentacija, za natalitetot, za mortalitetot, za stabilnosta na penziskiot sistem, za zdravstvo, za finansisi, za spomenici i umetnicki dostreli vo razni oblasti, za klimatskite promeni, za razvojot na demokratiskite procesi kaj nas i vo svetot, za Ajnstanovite teorii, za vremeto i prostorot, za kosmosot i sto li uste ne.Edino za matematika e nesto poslab od Amdi Bajram. Uste nema napisano tekst za postanokot na univerzumot, no za skoro vreme i toa ce go docekame , vo koj ce ja objasni golemata uloga na DPMN-eto i nego licno vo postanokot na Univerzumot. Aristotel, Sokrat, Platon, Njutn, Ajnstajn Stvien Hokins se " sitni ribi" vo sporedba na spoznanijata sto gi poseduva Vlatko. So vakvi VMR-OVCI Makedonija ne treba da se grizi za svojata idnin!
Од: Феличита
Датум: 22.10.2010 10:08:51
Разбрав дека Репчето дипломирало.Браво,му требаа нецели 13-14 години!

Најди! во Утрински
Писма
Груба манипулација
Игри со законите






Barroso: No date for Croatia's EU accession
Bulgarian PM loses support over Turkish EU bid
Albania tells citizens not to apply for asylum in EU