Број 3412  четврток, 21 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Писма
Игри со законите

Стамен Филипов, Скопје

Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија го утврдила Пречистениот текст на Законот за семејството,кој е објавен во „Службен весник на Република Македонија“, број 157/2008.

Пречистениот текст на Законот за семејството ги опфаќа Законот за семејството од 1992 година и четирите изменувања и дополнувања на Законот за семејството, кои се донесени по донесувањето на основниот текст од Законот.

Исто така, Пречистениот текст на Законот за семејството опфаќа и четири одлуки на Уставен суд на Република Македонија. Меѓу тие четири одлуки е наведена и Одлуката на Уставниот суд на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“, број 88/2007). Меѓутоа, во „Службен весник на Република Македонија“, број 88/2007, објавени се пет одлуки на Уставниот суд на Република Македонија, на страна 19-29.

Но, ниту една одлука не се однесува на Законот за семејството.

Поради тоа, Законодавно-правната комисија на Собранието на Реп��блика Македонија погрешно се повикала на Одлуката на Уставен суд на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“, број 88/2007), бидејќи ниту една одлука не се однесува на Законот за семејството.

Притоа, сакам да истакнам и тоа дека при набројувањето на одлуките на Уставниот суд на Република Македонија во Пречистениот текст од Законот, требало би да се наведува и бројот на одлуката на Уставниот суд на Република Македонија и датумот од нејзиното донесување, а не само да се наведува бројот на „Службениот весник на Република Македонија“, како што е досегашната погрешна практика на Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија.

#
Статијата е прочитана 754 пати.

Испрати коментар

Од: seirdzija
Датум: 21.10.2010 12:49:22
na g-not Filipov treba da mu se izgradi spomenik pred pravniot fakultet vo skopje ili barem edna od amfiteatrite na fakultetot da se imenuva po nego. Sekoja cest za neumornata rabota.
Од: Muzicari ili pravnici?
Датум: 21.10.2010 18:36:37
Stamen Filipov treba da se angazira od Parlamentot , na onie diletanti od Zakonodavno- pravnata komisija na Sobranieto na Republika Makedonija, da im odrzi kratok kurs i barem malku gi opismeni, za da ne" tresat zeleni" i stanuvaat smesni. Pa sto se tie voopsto po obrazovanie , pravni strucnjaci ili prisobrani muzicari?

Најди! во Утрински
Писма
Груба манипулација
Влатко е машата на ВМРО-ДПМНЕ






Barroso: No date for Croatia's EU accession
Bulgarian PM loses support over Turkish EU bid
Albania tells citizens not to apply for asylum in EU