Демант од Секторот за односи со ЈавностА при Владата на РМ на колумната на Ден Дончев: „Груевски го дуплира долгот“, објавена во „Утрински весник“ на 20 октомври 2010 година
Во врска со последната колумна на г. Ден Дончев, ја информираме јавноста за следното:
Целокупната анализа на г. Дончев покажува тотално непознавање на економијата и обид за груба манипулација со податоците.
Прво, треба да знае дека надворешниот долг во голем дел се однесува на приватниот сектор, односно фирми и банки врз кои Владата нема никакви ингеренции.
Оттука, ако господинот Дончев сака да коментира за резултатите од Владата на Груевски, треба да го коментира јавниот, а не приватниот долг, а тука работите стојат вака:
Долгот на Владата како % од БДП во 2005 бил 39,5%, или една милијарда 849 милиони евра. Во август 2010 година долгот на Владата како % од БДП е 24,2%, или 1.672 милиона евра. Тоа е намалување на вкупниот долг на државата за над 40% во овој период.
Надворешниот долг на државата во 2005 година бил 1.245 милиони евра. На 31 август 2010 надворешниот долг изнесува 1.165 милиони евра, или за 80 милиони евра помалку од пред 5 години.
Значи, реално насловот на колумната на господинот Дончев треба да гласи '„Груевски го намали државниот долг за 40%“'.
Сите податоци од овој демант се јавни и може да се проверат на веб-страницата на Министерството за финансии www.finance.gov.mk.
Драг мој, Секторот за односи со ЈавностА при Владата на РМ ј
`Јавниот долг на Македонија се зголеми за 11,4% од крајот на декември до 2371000000 € ($ 3313000000) на крајот на август, што е еквивалентно на 34,3% од бруто-домашниот производ на земјата, Министерството за финансии податоци говорат.`
http://limun.hr/en/main.aspx?id=635209
Јас, продавач на семкар од зелено пазарче можам да најдам понови информации од вас :-)
Од: Tulko Drdeski,Tetovo
Датум: 21.10.2010 14:43:57
Za vasite manipulacii ,makedonceto odposle ke doznae.Vasata cel e totalno ekonomsko raznebituvanje na Makedonija,a posle se ke odi lesno.
Од: Ua frizeri!
Датум: 21.10.2010 18:30:26
Namestot da pregovarate so Grcite okolu imeto Vie izgleda od niv se naucivte da prezentirate lazni satisticki i finansiski podatoci okolu vkupniot dolg i BDP. No zarem ne vidovte kako kaj niv " pukna tikvata" i trie za sreca se clenki na EU pa istata iako ima glavoboilka morase da im pomaga.N a kogo toa mu servirate lagi i "frizirate" lazni podatoci?Zarem, m,islite narodot e tolgu glupav ? Vece ste procitrani kako selski bukvar! Kaj nas koga za skoro " ce pukne tikvata" , a sigurno ce pukne , bidejci prezentirate lagi za zabluduvanje na obicnava " raja" ,ne ne vadi ni Sveti Petar